Урбаниот свет е силно загаден со бучава. Живееме во константна градската врева, бучава од
автомобили, градилишта, гласни звуци на машини, музики од денски и нокни клубови. Сите овие
нездрави децибели прават атак врз нашиот слух .
Секојдневно во сопствениот дом сме „бомбардирани“ со силни и продорни звуци – од силни
разговори, од машини за перење и сушење, гласна музика, автомобили, багери и машини на
блиското градилиште и што ли не….и замислете се така измиксирано каков хаос може да направи
врз нашето расположение, енергија и нашето ментално и физичко здравје. Ако бучавата трае
кратко, тоа не е проблем.
Но, продолжената изложеност на бучава и несакани високи децибели, покрај нарушувањето на
здравјето на слухот, нивото на стрес постојано го зголемува.
Еве како препознаваме дека бучавата направила пореметување врз нашиот енергетски
систем:
Срцева болест
Истражувањата покажаа дека луѓето изложени набучава многу почесто развиваат срцеви
заболувања, како што се атријална фибрилација или аритмија – неправилно чукање на срцето.
Мерење на јачината на звукот (во децибели):
Шепот – 30 dB
Нормален разговор – 60 dB
Бучава во канцелариите – 70 dB
Бучни ресторани – 80-90 dB
Звук на моторот – 100 dB
Рок концерт – 120 dB
Како да се ублажат штетните ефекти на бучавата
*Наместо бучава, изберете престој во простор со попријатни звуци, или што е можно почесто –
тишина!
*Слушајте пријатни и релаксирачки мелодии со мала јачина на звук,
*Преселете се на тивко и мирно место ако сте во можност.
*Најновите истражувања покажаа дека престојување подолг период во тишина, покрај значително
намалувањето на нивото на стрес-хормонот, помагаат и во создавање нови мозочни клетки.




0 Comments