Како лесно да ја намилите паниката!
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како лесно да ја намилите паниката!

Како лесно да ја намилите паниката!

by | Авг 9, 2020 | 0 comments

Како со здивот и техники на дишење може да се се совлада состојба на паника

Поради строгите мерки против коронавирусот наметнати на луѓето ширум светот, се повеќе
чувствуваме паника и необјаснив страв?
Секоја вест поврзана со корона вирусот и дневните проблеми не остава без здив и чувство на гушење во градите?
Стресот, вознемиреноста и паниката прво се рефлектираат врз нашето дишење, здивот,
што на крајот се одразува силно и на целото тело и здравје.
Дали знаеме дека белите дробови се најголемата пумпа во нашиот лимфен систем кој ги исфрла
токсините од вашето тело преку длабоко дишење?
Ако посветиме повеќе внимание на вдишувањето и издишувањето, ќе забележиме дека за време
на стрес дишете е плитко и брзо. И колку подолго дишеме така, толку повеќе стрес и паника ќе
има во вас.
Начинот на кој дишеме силно се одразува врз умот и емоциите и во голема мерка е одраз на
нашата емоционална состојба.
Ако дишеме бавно, мирно и длабоко, со полни бели дробови и стомак, во телото ќе започне
да се создава мир и благосостојба.
Да излеземе од вртлогот наречен СТРЕС со помош на едноставни вежби кои ќе ни помогнат
конечно правилно да дишеме.

Техника на дишење – за намалување паника и вознемиреност
(Вежбите се изведуваат со затворени очи и дишење преку нос)

Свесно дишење

Нашиот прв чекор за постигнување мир и релаксација е да станеме свесни за сопственото
дишење, односно целото внимание да го насочиме на вдишување и издишување.
Седнуваме на стол или перница во позиција на лотос така што ‘рбетот да е исправен и
замислуваме дека конец тече од врвот на главата до таванот одржувајќи не исправени.
Ги опуштеаме рамената, рацете и нежно ги ставаме дланките на колената, завртени нагоре.
Нежно го повлекуваме долниот дел на стомакот.
Некое време, само го следиме ритамот на сопствените вдишувања и издишувања. Се опуштаме
се повеќе и повеќе.
Стануваме свесни дека нашиот здив е секогаш со нас и дека се одвива без престан, неуморно во
текот на денот, ноќта и во сите, дури и на најсложените ситуации. Здивот е нашиот живот.
Стануваме едно со здивот. Се спојуваме со воздухот додека поминува низ ноздрите и секое
вдишување и издишување стануваат наше постоење.
Чувствуваме како преку дишењето се поврзуваме со целиот универзум. Стануваме едно со
целото постоење. Потоа, полека го смируваме секое вдишување и издишување
– вдишуваме: 1, 2, 3, 4…, издишуваме: 1, 2, 3, 4….
Додека го следиме ритамот на дишењето, се обидуваме свесно да ги релаксираме усните,
јазикот,вилицата, челото, целата глава, затоа што тука стресот највеќе се акумулира.

Научете практични техники како да си помогнете на редовните јога часови.

 

Споделувајте корисни информации со вашите блиски 🙂

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...