fbpx
Костен – природен ајурведски лек и храна
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Костен – природен ајурведски лек и храна

Костен – природен ајурведски лек и храна

by | Дек 13, 2021 | 0 comments

 

– Костенот е плод полн со витамини и железо
– Одличен плод кој го стимулира за срцето и имунитетот
– Костените се задолжителна зимска храна доколку сакате да го подобрите вашето здравје.
– Поради високата содржина на растителни влакна и сложени јаглехидрати, ова вкусно
овошје брзо предизвикува чувство на ситост, а не е премногу калорично.
– Костенот е добар и за одржување на здравјето на забите и коските, бидејќи содржи
уникатна комбинација на калциум, фосфор и магнезиум.
– Со оглед на тоа што е богат и со витамини од групата Б, го промовира доброто здравје на
нервниот систем и спречува невролошки промени и болести. Корисен е и во исхраната на
дијабетичарите бидејќи нема нагло да го подигне инсулинот во крвта.
– Костенот ги содржи и сите есенцијални амино киселини, што е особено важно за оние кои
се на веганска исхрана, постарите лица и спортистите. Костеновото брашно е без глутен и
затоа е идеално во исхраната на луѓето со целијачна болест и луѓето кои се чувствителни
на глутен во различен степен.
– Ако сте често уморни, а и анемични, вистинскиот природен лек е костенот, бидејќи има
висока содржина на железо.
– Костенот има и кардио-заштитно дејство, бидејќи содржи добри масти и обезбедува добар
дел од омега 3 и 6 масни киселини. Поради ниската содржина на натриум и високиот
калиум, тој е одличен и во исхраната на луѓето кои страдаат од хипертензија.
– Неговиот диуретичен ефект го прави погоден за луѓе кои задржуваат вода во телото.
Покрај сето наведено, костенот овозможува добра работа на цревниот систем, добра
состојба на бактериската флора, спречува запек и цревни пореметувања.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...