fbpx
Куркума како исцелителен еликсир

Куркума како исцелителен еликсир

by | Јан 26, 2021 | 0 comments

Куркума
Куркумата е многу чест зачин во источната, особено ајурведската кујна каде се користи повеќе од 5000 години. Во исто време, ова растение е важна состојка во ајурведските препарати за третман на дијабетес, болести на дишните органи, крвта и крвни садови, разни кожни болести и т.н.. Куркумата како лек не е за потценување. Има златно жолта боја и малку горчлив вкус. Денес, куркумата е главната состојка во мешавината од зачини – кари, а и бојата на карито потекнува од него.
Каде помага куркумата? Современата наука, како и традиционалната медицина, високо го ценат ова лековито растение. Жолтиот алкалоид куркумин е главната активна состојка на растението. Лековитите својства на куркумата во Ајурведата се објаснуваат со фактот дека ова растение убива микроби и паразити, ги уништува наслагите на слуз, маснотиите, лепливите токсини, ја стимулира циркулацијата на крвта и целосниот метаболизам. Таа е најдобриот лек против труење, треска, воспаление, болестите на крвта и кожата. Исто така ги отстранува наслагите и лепливите токсини, чиревите, маснотиите, потта, гној, чешање, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб. Општо земено, ајурведата смета дека куркумата е една од најмоќните природни лекови, а научните истражувања потврдуваат дека куркумата е вистинско природно чудо, корисно при лекување на разни здравствени проблеми, како што се рак и Алцхајмерова болест. Во комбинација со карфиол, може да спречи рак на простата и да запре прогресија на постојниот карцином на простата. Го намалува ризикот од развој на леукемија. Куркумата има корисен ефект врз тироидната жлезда, го регулира метаболизмот, ги смирува воспалителните процеси, го поттикнува слабеењето.
Кинеската медицина користи куркума за лекување на депресија. Во бразилската народна медицина, куркумата се користи за запирање на крварењето и како моќен противотров од каснувањата од отровни змии. На Хаваите традиционално се користи во форма на сок што се става во увото за ублажување на болката и во носот, против синузитис. На азискиот континент, куркумата во прав се користи како додаток на кремите за лекување на кожни болести. Во последно време, низ целиот свет, се повеќе се зборува за тоа како куркумата ги уништува клетките на ракот што е потведено и со научни истражувања.
Се додава во јадењата со ориз и зеленчук, особено се препорачува за подготовка на сите видови мешунки бидејќи го стимулира варењето и спречува гасови и надуеност. Кари често се додава како зачин за јадења со некои видови месо.
Покрај жолтата куркума, постои и црна куркума, која исто така има свои лековити способности, но тешко е да се добие и е пред истребување, главно поради неповолните климатски промени.

Квалитетна органска куркума можете да набавите кај нас.

Добри резултати се добиваат со користењето на тинктурата од куркума.

 

Органска куркума во прав 200гр

Тинктура од куркума

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...