*Куркума – најмоќен природен лек*
Дали сте запознаени со фактот дека куркумата е исклучително лековита, благодарение на
нејзината активна супстанција куркумин?
Бројни научни студии во областа на Ајурведата покажаа дека куркуминоидите, како и куркуминот
имаат позитивен ефект врз голем број воспалителни и хронични заболувања.
Ајурведата вели: Сите оние кои сакаат да ја зголемат виталноста, да го заштитат
дигестивниот систем и генерално да го подобрат здравјето на телото, препорачаната
дневна доза е 500 мг куркумин. Ако земате куркума во прав, имајте на ум дека една лажичка
содржи околу 200 мг куркумин.
Но, за некои посериозни воспалителни и хронични заболувања, количината на оваа активна
супстанција од куркума значително се зголемува.
Ублажува ПМС
*Кај предменструален синдром, можете да земате 100 мг куркумин два пати на ден.
Треба да започнете со земање на дозата приближно седум дена пред менструалниот циклус, да
продолжите во текот на целиот циклус и три дена по завршувањето на циклусот.
Во овој случај се препорачува куркумин да се зема три месеци, а потоа се прави пауза.
Намалува симптоми и болки предизвикани од артритис
Ајурведата вели дека куркуминот значително ги намалува болките во колената и има ефект
сличен на ибуброфен.
*Кај остеоартритис, препорачана доза е 400-600 мг куркумин три пати на ден или 0,5-3 гр прав
од корен од куркума.
*Кај ревматоиден артритис, препорачана доза на куркумин е 500 mg два пати на ден.
Помага при алергиски ринитис
Ако страдате од непријатен алергиски ринитис, земајте 500 мг куркумин дневно во текот на два
месеци.
Помага кај заболен црн дроб
Ако имате проблеми со црниот дроб, а не се резултат на прекумерно внесување алкохол, треба
да земате 500 мг куркумин дневно во период од осум недели.
Помага при депресија
Познато е дека куркумата помага да се ублажат симптомите на депресија. Се препорачува да се
земаат околу 500 мг куркумин двапати дневно.
Ублажува улцеративен колитис
*Кај оваа воспалителна болест на дебелото црево, се препорачува да се земаат 3 g куркумин
дневно за еден месец, а потоа продолжете со 1 – 1,5 g дневно во следните два месеци.
*Друга опција е да земате 2 g куркумин дневно за шест месеци.
За да помогнете при улцеративен колитис, можете да ја користите и оваа терапија: земајте 140 мг
екстракт од куркума измешан со 20 мл вода секој ден, осум недели.
Помага при висок крвен притисок
Ако сакате да го намалите крвниот притисок, се препорачува да земате 400-600 мг куркумин во
прав три пати на ден или 30-90 капки екстракт од куркума дневно.
Ублажува иритација на кожа
За овој проблем, препорачаната дневна доза е 500 мг куркумин три пати на ден за два
месеци.
*Ајурведски совети за користење на куркума*
Може да земете куркума во прав, таблети, капсули и како екстракт (тинктура). Куркума во прав е
пожелно да се зема со оброк кој содржи некои здрави маснотии, како што е кокосовото масло.
Куркумата е растворлива во масло, така што нејзината апсорпција е многу подобра благодарение
на содржината на маснотии. Бидејќи куркумата има слаба апсорпција во телото, во некои
производи се комбинира со црн пипер. Пиперинот од црн пипер значително ја зголемува
апсорпцијата или достапноста на куркумин.
Запомнете:
– Максималната доза на куркумин, која не треба да ја надминувате, е 2000 мг на ден.
– Симптоми на предозирање со куркумин се гадење, дијареа, прекумерни контракции на
жолчното кесе.
– Бидејќи куркумата и куркуминот природно ја разредуваат крвта, не треба да ги
комбинирате со разредувачи на крв.
– Куркумин + здрава исхрана = оптимално здравје
– Само земањето куркума или куркумин нема да направи чуда за вашето здравје ако не ги
промените начинот на исхрана и начин на живот.
– Елиминирајте ги индустриски рафинираните производи и консумирајте повеќе житарки,
здрави масла, семиња, свежо овошје и зеленчук.
– Со комбинирање на здрава храна и куркума / куркумин, можете брзо да го вратите
оптималното здравје.




0 Comments