Лубеница – ајурведското летно овошје
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Лубеница – ајурведското летно овошје

Лубеница – ајурведското летно овошје

by | Авг 10, 2020 | 0 comments

АВЕРВЕДСКА АНАЛИЗА НА ЛУБЕНИЦА
Лубеницата е симбол на разладувачко овоштие во текот на летото и горештините. Основно е дека  го лади телото и ја враќа рамнотежата на презаситената крв.  Таа со својата сладост го смирува и успокојува телото што е препорачливо за овој дел од годината кога пита дошата е во својот најсилен зенит. Од сечење на лубеница, па сè до плукање на семките, лубеницата е суштинска состојка на вашите летни прослави.
Богата е со бета-каротин, значително ја балансира крвта и ја намалува пита дошата оправдувајќи ја својата важност како летно овошје. Бидејќи бета-каротин од морковите го храни окото, се покажа дека 1,5 порција лубеница дневно ја намалуваат макуларната дегенерација поврзана со возраста (АРМД) за цели 36%.  Залак или два ќе ве убедат во опуштувачките способности на лубеницата.  Лубеницата содржи огромни количини на антиоксиданти, ликопен и витамин Ц.
Лубеницата е 92% вода и 6% шеќер. Иако големото овошје може да биде примамлив начин за ублажување на дехидрираноста, сочноста на лубеница само ја гаси жедта привремено.  Оние кои страдаат од задржување на вода во телото, нека бидат сигурни, бидејќи лубеницата го суши телото поради високото ниво на калиум, кој е диуретик.  Ладењето, антиинфламаторно дејство на бета-каротин, комбинирано со диуреза, помага при воспаленија на уринарниот тракт. Малата количина на калории, квалитетотните диуретички својства и намалената отпорноста на инсулин ја прави идеална за Кафа доша.
Уште една причина да уживате во лубеницата оваа летна сезона е цитрулинот, аминокиселина во кората и составот на лубеница, има слични својства како Виагра.  Обете го стимулираат азотниот оксид кој ги релаксира и ги проширува крвните садови, го намалува крвниот притисок и го подобрува протокот на крв (а со тоа и еректилната дразба).  Всушност, семето од лубеница е симбол на плодност во кинеската медицина.
За да ги добиете здравствените придобивки од лубеницата, важно е да знаете како да ја јадете. Дињате и лубеницата се варат многу брзо и никогаш не треба да се комбинираат со друга храна, дури и со други овошја.  Потешката храна за варење ја спречува лубеница да ја поминува својата нормална суперсонична брзина низ дигестивниот тракт.  Ако заглави во дигестивниот тракт многу брзо ќе започне да ферментира, ослободувајќи гасови.  Јадењето лубеница на крајот од оброкот е лоша идеја.  Обидете се да ја јадете додека зеленчуците се уште на скара, како закуска помеѓу оброците или пијте пијалак од лубеница наутро или попладне.
Каква лубеница да изберете?
Ако лубеницата е исечена, одберете ја со прегледување на бојата и квалитетот.  Треба да биде темна боја без бели ленти.  Ако има семе, тие треба да бидат темни по боја.  Ако лубеницата не е исечена, побарајте лубеница која е тешка согласно за нејзината големина и да не звучи шупливо. Проверете дали е присутно белото подножје, каде лубеницата седела на земја.  Ако белото подножје недостасува, тоа е знак дека лубеницата била собрана пред целосно да созрее.
Измијте ја лубеницата пред да ја исечете.  Ако е премногу голема, избришете ја со хартиена крпа.  Откако ќе се исече, лубеницата треба да се лади.  Покријте со пластична обвивка за да избегнете дехидрираност и апсорпција на мириси од друга храна.
Иако повеќето луѓе се навикнати да јадат само слатки црвени месести делови, семето и белиот дел од кората се јадат.  Семето се пече, зачинува и се јаде како закуска, како храна, се мешање со житни култури или се користи за правење леб во азиските земји.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...