Магнезиум – како да се намали болката на природен начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Магнезиум – како да се намали болката на природен начин

Магнезиум – како да се намали болката на природен начин

by | Jun 29, 2021 | 0 comments

Како да се намали болката на природен начин

Ајурведата вели:
„Патот на мудрите не е да обезбедиш задоволство, туку да ја излечиш болката“.
Ајурведата ја дефинира болката како состојба која настанува како реакција на повредени или
воспалени ткива произведувајќи низа хемикалии кои преку нервниот систем испраќаат сигнал до
мозокот. Овој сигнал мозокот го регистрира како болка.
Болката е состојба која никој не ја посакува од причина што носи психички проблеми, намалена
енергија и фокус за извршување активности, нефункционалност, проблеми со спиењето,
депресија, немир, ослабен имунитет, проблеми во комуникација и лошо расположение.
Па затоа некои од нас веднаш бараат решение во аптеките. Научниците сè уште не знаат точно
како работат аналгетиците.
-Различни видови на аналгетици работат на различни начини. Се смета дека аспиринот и другите
нестероидни антиинфламаторни лекови (ибупрофен на пример) дејствуваат на таков начин што го
блокираат ензимот одговорен за создавање на хемикалиите што предизвикува воспаление.
-Парацетамолот, пак, делува директно во мозокот блокирајќи го производството на хемикалија
што предизвикува болка – простагландини.
Иако се многу ефикасни, конвенционалните аналгетици, тие имаат голем број на несакани ефекти
доколку се користат често. Сите тие можат да предизвикаат дигестивни проблеми, особено
аспирин, кој силно ги иритира sидовите на желудникот.
Продолжената употреба на аспирин може да предизвика пептичен улкус, додека ибупрофенот
предизвикува воспаление на тенкото црево и синдром на „спукан црево“.
Синдромот “испукано црево” е состојба во која низ цревата почнуваат да протекуваат молекули на
протеинот што не се вари. Овој синдром е поврзан со голем број автоимуни и воспалителни
болести.
Нестероидните антиинфламаторни лекови можат да ги забрзаат дегенеративните промени во
зглобовите на луѓето кои страдаат од артритис.
Продолжената употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови исто така може да предизвика
оштетување на бубрезите.
Една студија неодамна спроведена во Англија покажува дека една од 15 хоспитализации се
јавува поради несакани ефекти на лекови, најчесто аспирин и други нестероидни
антиинфламаторни лекови.
Бидејќи болката е многу честа појава денес, не е изненадувачки што Ајурведската медицина нуди
плејада на совети и решенија за користење на билки, ајурведски третмани, техники за дишење,
одмор, релаксација и природни лекови за намалување и отстранување болка.

Магнезиум

Редовното снабдување на телото со доволни количини на магнезиум може да ви помогне доколку страдате
од мигрена. Овој минерал е присутен во цели зрна, ореви, семиња, мешунки и зелен зеленчук.
Концентрацијата на магнезиум во крвта и ткивата влијае на рецепторите на серотонин /хормонот на среќа/ во мозокот
кои се вклучени во процесот на создавање на мигрена.
Кај скоро 50% од луѓето кои страдаат од мигрена, забележана е мала концентрација на овој
минерал во крвта.
Во едно истражување, 41% од луѓето забележале значително подобрување со редовно прскање магнезимово масло на телото. Оваа специјална ајурведска формула за трансдермална употреба на магнезиумско масло во спреј е најефикасна и економична примена на магнезиум со најдобра апсорпција со директна апликација на кожата. Интензитетот и времетраењето на мигрена веднаш ќе се намали.
Покрај тоа, магнезиумот го запира производството на воспалителна супстанција наречена
Супстанција П, благодарение на што може да ги намали болките во грбот, грчевите во мускулите
и мускулната слабост при фибромијалгија.

 

Ајурведско магнезиум масло

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...