fbpx
Марма терапија за долг и здрав живот
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Марма терапија за долг и здрав живот

Марма терапија за долг и здрав живот

by | Сеп 29, 2020 | 0 comments

Марма терапевтски допир – е терапија која се изведува преку 108 главни точки во телото, а која се изведува постојано во нашиот Ајурведски центар.

На санскрит, зборот марма значи „тајна или ранлива точка“.

Ова се посебни точки во човечкото тело кои се многу суптилни и чувствителни.

Секоја ненадејна повреда или дисбаланс на овие точки може да доведе до болест, попреченост, па дури и фатални последици ако не се лекуваат или третираат правилно.

Терапијата со марма е основна ајурведска практика која често носи длабоки придобивки за: умот и телото, а се користи за холистички третман за голем број заболувања.

Според ајурведската медицина, марма точките се наоѓаат на површината на кожата и се анатомски поврзани со области што ги поврзуваат системите како што се: мускулите, лигаментите, вените, коските, зглобовите, органи, кардиоваскуларниот и нервниот систем.

Постојат 108 примарни марма точки кои се наоѓаат по должината на надиите – енергетски канали низ кои тече прана (животна енергија).

Овие точки се енергетски вртлози што ги поврзуваа:т физичкото, менталното, емоционалното, космичкото и духовното тело.

Ајурведата овие точки и канали ги користи како пренесувачи на лековита енергија насекаде низ телото, до органите и ткивата на телото.

Предности од марма терапијата

Стимулацијата на точките на марма не само што помагаат во одржување на нормалното функционирање на одредени органи или ткива, ја ублажува специфичната нерамнотежа (викрити) во нашиот елементарен состав со хармонизирање на одредена доша (вата, пита или кафа).

На овој начин дошата или типот (пракрити) се враќа во нејзината природно состојба.

Затоа придобивките од терапијата со Марма се многу помоќни од ефектите од класичната масажа.

Марма терапијата го регенерира и зајакнува телото, ги ублажува физичките и менталните блокади, го подобрува протокот на лимфа и крв, го отстранува вишокот ама (токсини) и поттикнува длабок сон.

Оваа терапија може да биде многу ефикасна ако се користи за лекување на лесни и акутни состојби, па дури и потешки состојби.

Тоа е дел од холистички пристап во ајурведското лекување.

Како да се ублажи болката со помош на одредени точки на марма?

Болката се јавува кога некаква напнатоста го блокира протокот на енергија во одреден дел од нашето тело.

При стимулацијата на марма точката се ослободува блокирана енергија (прана) и со тоа обезбедува брзо и ефективно олеснување на болката.

Не двоумете се да закажете една од нашите третмани каде се обработуваат целосно марма точките во телото.

 

Вата

Питта

Кафа

ТРЕТМАНИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...