*Старата поговорка „Во здраво тело, здрав ум“ ја потврдува влијателноста на умот врз здравјето,
а и воопшто врз целокупниот живот на човекот.
Се повеќе се посветува внимание на идејата, како здрав, избалансиран и оптимистички ум
резултира врз здраво и витално тело.
Нахрани го умот со позитивни мисли и твоето тело инстант ќе стане поотпорно на болести.
Звучи како филозофија во ова ново време, но станува збор за докажани научни факти.
Резултатите од бројните студии кои се бават и го истражуваат умот, јасно укажуваат на
поврзаноста помеѓу негативните мисли и различните нарушувања во организмот, како и
позитивните мисли и правилното функционирање на сите органи и системи на телото.
Научната дисциплина на психонеуроимунологија, основана токму за целите на ова истражување,
несомнено покажува колку негативните мисли, ставови и расположенија како што се страв, вина,
љубомора, гнев, посесивност имаат негативно влијание врз човековото тело.
Од друга страна, љубовта, благодарноста, радоста и оптимизмот предизвикуваат позитивни
физиолошки реакции.
Најдобри резултати се постигнуваат со редовно практикување на јога и техники за дишење.
0 Comments