fbpx
Моќта на поздравот НАМАСТЕ

Моќта на поздравот НАМАСТЕ

by | Сеп 7, 2020 | 0 comments

 

 

Две раце склопени во поздравна форма е најтрадиционален поздрав со кој Индијците се поздравуваат.
Буквалното значење на овој поздрав е „Ја поздравувам божественоста во тебе“. Поздравот е широко присвоен ширум целиот свет во ова пост-КОВИД време. Постои скриена моќ во овој гест-
поздрав Намасте или таканаречена Анџали Мудра.

Постојат неколку дефиниции за зборот Мудра. Според шеивизмот, мудрите се сметаат за одраз на твоето внатрешно јас. Мудрите не се само гест или знак. Кога правиме мудра, таа делува како
врска меѓу целото наше физичко тело и енергијата. Анџали на санскрит значи принесување на
божественото. Кога ја практикуваме Анџали Мудра, ние едноставно се приближуваме до
божеството, нашето физичко тело се спојува со божествената енергија.
Како да се направи Анџали Мудра?
Анџали Мудра е најлесната мудра за учење. Ова е најпрактикувана мудра во јогата. Да се прави
оваа мудра значи да се затворат обете дланки пред срцевата чакра (пределот на градите), со
прстите насочени нагоре. Рацете треба да се притиснат заедно рамномерно и цврсто.
Серијата асани Поздрав на сонцето или Surya Namaskar, секогаш започнува со поставување на
дланките во Анџали Мудра.
-За правилно практикување на оваа мудра важно е да седнеме во удобна положба. Може да
седиме на стол, перница или простирка. Рбетот ни е опуштен и исправен. Седиме најчесто на
подот во лотос положба, полека смирувајќи го телото, се опуштаме внесувајќи се подлабок здив,
кој целосно не смирува. Потоа, полека ги спојуваме рацете пред градниот кош, пред Анахата
чакрата, срцевата чакра. Кога ќе ја направиме оваа положба, нашата свесност се насочува кон
нашето срце, оставајќи енергијата да тече низ нашето тело се до центарот на срцето.
Убаво е да ги затвориме очите и вниманието да го насочиме кон внатрешното наше битие,
чувствувајќи ја енергијата што тече кон центарот на градите.
Го опуштаме нашето тело со длабоки вдишувања и издушувања, држејќи ги дланките на
колената, завртени нагоре.
Го повторуваме овој процес на дишење неколку пати.
Се вели дека кога ќе ги затвориме дланките заедно, ги спојуваме обете хемисфери на нашиот
мозок, односно логичкиот и расудувачкиот дел од левата половина на мозокот и креативноста од
десната половина на мозокот. Со обединување на двете хемисфери од мозокот преку оваа мудра,
ние исто така ги обединуваме интуицијата и логиката, женската и машката енергија.
Секојпат кога ќе ги зближиме дланките, ги чувствуваме двата различни аспекти на нашата
енергија како се соединуваат во рамнотежа и хармонија.
Исто така, оваа мудра се користи за да внесеме повеќе енергија во нашето срце. Лесно ги
допираме палците со градната коска на градите. Лактите треба да бидат во согласност со
прстите.
Додека ја правиме Анџали Мудра, важно е да бидеме свесни за сензациите што се случуваат кога
ќе ги споиме дланките. Ако го направиме полека, може полесно да ги почувствуваме вибрациите.
Придобивки од практикување Анџали Мудра;
-На глобално ниво, поздравот Намасте е знак на љубезност, добронамерност, понизност,
благодарност и отвореност. Едноставно ти дава чувство на заземјување и смирение.

-Соединувањето на обете хемисфери на нашиот мозок, практикувајќи ја Анџали Мудра доведува
до канализирање на нашиот процес на размислување. За време на вежбањето може лесно и брзо
да се почувствува како нашиот ум доживува позитивни мисли и добро расположение.
-Бавното дишење додека ја изведуваме Анџали Мудра доведува до подобра работа на срцето и
подобра циркулацијата на кислородот во крвта. Исто така, го балансира и подобрува процесот на
дишење и успешно го смирува вознемирениот ум.
На средната точка на нашите мозочни хемисфери лежи хипофизата, која се смета за седиште на
интуицијата. Склопувањето на вашите дланки не само што го балансира работењето на
надбубрежната жлезда, хипофизат и интуицијата и интуитивните способности.
-Со редовното вежбање Анџали Мудра лесно се ослободува стресот, со што добиваме поголема
свесност, подобрена концентрацијата и смирен ум.
-Физички ја подобрува флексибилноста на зглобовите на рацете.
– стимулирање на срцевата, Анахата чакра.

 

Научете многу корисни мудри и движења на нашите редовни јога часови.

 

 

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...