Без разлика дали сте почетник во јогата или сте напреден практичар, здивот на уџаи е моќна техника што можете да ја користите за да ја подобрите вашата секојдневна пракса. Дишењето уџаи за разлика од некои други форми на пранајами или вежби за дишење, може да се користи за време на практикувањето асани, како и за време на мирувањето – додавајќи нова димензија на редовната јога пракса.
Уџаи – здив на победа
Уџаи е санскритски збор што значи „оној што е победник“. така, овој здив значи „здив на победата“ или „победнички здив“. Ова е затоа што техниката носи чувство на воздигнување, моќ и самодоверба кај практичарот. За да го направите здивот, затворете ја устата и дишете длабоко низ носот. Додека го правите тоа, малку затегнете ги мускулите на задниот дел од грлото. Со тоа ќе се создаде ритмички, смирувачки звук на шумолење, кои смируваат и го фокусираат умот. Овој уникатен атрибут и го дава ова име на оваа техника на дишење: здив на океанот.
Интегрирањето на уџаи здивот во праксата ќе го продлабочи вашето искуство на јога матот. Заради своите големи придобивки оваа пранајама е вклучена во редовната програма и е дел од практикувањето во работилницата Програма на среќата што ќе се одржи овој викенд од 18-20 декември 2020
Барем пет придобивки од редовното практикување на уџаи:
Физичко здравје
Оваа техника создава внатрешна топлина што помага при ослободување во сите делови од телото, со што не прави помалку склони кон повреди при истегнувањето. Во исто време, со длабоки вдишувања се прошируваат белите дробови повеќе од вообичаеното, циркулацијата се зголемува и токсините се ослободуваат од внатрешните органи. Другите придобивки вклучуваат зајакнување на имуниот систем и подобрување на спиењето. Понатаму, овој вид на здив ни помага во контролирање на високиот крвен притисок и проблеми со тироидната жлезда, сè додека го подмладува нервниот систем.




0 Comments