fbpx
Направете детокс на пазувите

Направете детокс на пазувите

by | Сеп 2, 2020 | 0 comments

Како што веќе напоменавме, пред да започнете со користење на природен дезодоранс за под пазуви треба да направите прочистување – детокс.
Ќе прашате зашто? Затоа што под пазувите веќе имаме насобрано голема количина на отровни супстанци како што се: алуминиум, парабени, пропилен гликол и многу други кои ги содржат конвенционалните дезодоранси.

Знаците кои кажуваат дека треба да се направи детокс на пазувите се лошата миризба или ранички кои се добиваат од содата при користење на природниот дезодоранс без претходен детокс.
И доколку мислите дека не ви е потребен детокс, сигурно треба да го направите.

Еве што ви е потребно:
➡️ 1 супена лажица бентонит глина (без парабен)
➡️ 2 мали лажички јаболков оцет

Во мал сад измешајте ги глината и оцетот, користете дрвена шпатула или пластична лажица (никако метал) и мешајте се додека не добиете смеса како паста. Потоа намачкајте ја пастата под пазувите и оставете ја 5 до 10 минути (започнете со 5 минути). Потоа измијте ја пастата или пак правете го детоксот пред туширање.
После туширањето доколку имате можете да ги испрскате пазувите со алое спреј (ова не е задолжително) но секогаш кога правите било каков детокс пијте големо количество на вода за да може вашето тело да се исчисти побрзо.
Овој процес на чистење треба да се повторува се додека не престане лошата миризба од под вашите пазуви, или пак доколку го правите ова чистење затоа што ви се прават рани од содата во природниот дезодоранс, детоксот треба да го правите се додека раните не престанат да се појавуваат и пожелно е да се прави 2 до 3 пати неделно.

Сега откако направивте чистење на пазувите можете без никаков проблем и грижи да се префрлите на природните дезодоранси и да му дозволите на вашето тело нормално да дише.
И не заборавајте, дезодорансот е лично ваш и не смеете да го делите со ниту еден член на семејството.
Начин на користење: веднаш по туширање премачкајте ги пазувите директно со бар дезодорансот. Пазувите треба да се влажни за да може полесно да го аплицирате дезодорансот.
Дезодорансот чувајте го секогаш завиткан во проѕирна најлонска фолија.

 

Природен дезодоранс за под пазуви

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...