fbpx
Направете си ајурведски пестицид во домашни услови
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Направете си ајурведски пестицид во домашни услови

Направете си ајурведски пестицид во домашни услови

by | Авг 31, 2021 | 0 comments

Како да направите инсектицид од масло од ним.

Ним маслото е одлично решение ако имате проблеми со инсекти, габи или мувли на растенија дома или во градината. Безбедно е за употреба, не им штети на луѓето, миленичињата или добитокот. Ним е брзорастечко дрво, кое може да порасне и до 20 метри во височина (понекогаш и до 40 метри), со светло зелени лисја. Во Индија, се смета за свето дрво и е познато по своите лековити својства. Секој дел од ова дрво има лековита вредност – од цветовите, плодови и семиња до гранчиња, сокови и корени. Маслото од ним е едно од најстарите лековити масла и се добива со цедење на семето.Во ајурведата ова масло се користи за преку 1000 здравствеи случаи.

Употреба на ним во земјоделството

Докажан е како природен производ кој може да понуди многу во решавањето на глобалните проблеми во земјоделството, животната средина и здравствените проблеми. Се смета за вредна алатка за одржлив развој. Маслото извлечено од семето на ним  е моќен природен инсектицид, способен да го наруши животниот циклус на инсектите во сите фази (возрасни, ларви и јајца), што го прави одличен ресурс за органскиот градинарство.

Како да ги заштитите розите на природен начин? Тој е биоразградлив и нетоксичен за домашни миленици, птици, риби и други диви животни, и е ефикасен против различни вообичаени штетници од градината, како и природен фунгицид кој може да се бори против мувла и други габични инфекции на растенијата, според голем број научни истражувања На ретко може да се најде во многу градинарски продавници или на пазари за природна храна Чудесното дрво и стотиците негови активни соединенија немаат никакви токсични реакции, па затоа се корисни во заштитата на растенијата и неговото производство

Како сами да направите природен инсектицид со масло од нем?

За да направите 1% раствор, потребно е: 1 литар топла вода, неколку капки не штетен детергент за миење садови (по можност органски) 10 мл масло од Ним маслото. Промешајте се заедно во пркалка и испрскајте ги заразените растенија. Користете го производот истиот ден, не оставајте го во распрскувач. Испрскајте ги лисјата добро и од внатре, а исто така можете да ја испрскате почвата околу растението. Не очекувајте чуда – маслото од ним не е инстант инсектицид, што значи дека нема да најдете мртви паразити веднаш по прскање околу растенијата. Делува како системски инсектицид на хормонално ниво неколку дена.

 

Ајурведско хербално Neem масло

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...