По барање на многумина објавуваме оригинално традиционално кари.
Зимата, преполна е со комбинација на елементи од етер и воздух (вата доша), е позната по тоа што ги зголемува неволјите во дигестивниот дел кога ватата станува премногу небалансирана (доша). Затоа, дури и ако ја фаворизираме здравата храна, на телото ќе му биде тешко овие намирници да ги искористи, а хранливтеи материи да ги асимилараат ако дигестивниот оган е слаб. Квалитетот на варењето е директно пропорционален со квалитетот на целокупното здравје. Ова е причината за фокусот на ајурведата кон #агни (дигестивен оган) кој треба да е добро избалансиран.
Забавете го животот и уживајте во зачините
Зимското време често се карактеризира со силни, непостојани ветрови кои имаат моќ да нè исфрлат од рамнотежа и да нè истрошат. Спојот на студени температури и сувоста е дизбалансаторт на вата доша. Првата препорака е да забавите и да уживате во топол, чорбест, добро зготвен оброк. „Разновидноста е зачин на животот, кој му го дава целиот свој вкус“. – Вилијам Каупер. Оваа комбинација на разладувачкиот коријандер со други зачини кои имаат затоплувачка енергија, создава спој на вкусно задоволство што ги загрева и оживува цревата без да создава сувост или иритација. Овие зачини го подобруваат варењето бидејќи се карминативни (намалуваат гасови/надуеност) и служат за стабилизирање на шеќерот во крвта, поттикнуваат циркулација и го намалуваат воспалението. Уживајте во ова кари со сезонски зеленчук и смирувачкото и хранливо Ги масло.
Рецепт за кари во прав:
5 лажички. мелен коријандер
1 лажиче. мелен тилчец
1 лажиче. мелен ким
1 лажиче семе од синап, мелени или цели (препорака за цели семиња затоа што пукаат кога ќе ги загреете!)
1 лажиче свежо мелено каранфилче
1 лажиче. мелен цимет
1 лажиче. мелен ѓумбир
2 лажички. мелена куркума
1/4 лажиче. мелен ловоров лист
Прстофат кардамом
Сите состојки добро измешајте ги во сад и префрлете ги во тегла за зачини. *Ве молиме имајте предвид дека нема сол во оваа мешавина, но солта е неопходна за да се истакне вкусот на зачините. Розовата хималајска сол може да се додаде додека готвите или во што помала количина во овој зачин.
0 Comments