fbpx
НОВОГОДИШНИ АЈУРВЕДСКИ КОЛАЧИ

НОВОГОДИШНИ АЈУРВЕДСКИ КОЛАЧИ

by | Дек 17, 2021 | 0 comments

 

Бадемовото брашно е вистинска ризница на макронутриенти, што го прави совршен извор на
јаглехидрати, протеини и здрави масти. 1⁄4 чаша бадеми третирани на овој начин содржат 4,6 g
јаглени хидрати, 5,2 g протеини и 3 g полинезаситени масни киселини и го штитат нашиот мозок и
срце. Покрај тоа што е исклучително хранливо, ова брашно лесно се вградува во сите класични
јадења и не содржи глутен.

Состојки
– 5 чаши бадемово брашно
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– прстофат хималајска сол
– 4 лажички рендан ѓумбир
– 2 лажички цимет
– 1 кафена лажичка морско оревче
– 1 лажица мака во прав
– 2 лажички ванила и кардамом
– 2 јајца
– 2/3 чаша кокосово масло
– четири големи лажици Ги путер
– 1/2 чаша јаворов сируп
– 4 лажици меласа

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени.
Во еден сад измешајте ги сувите состојки, а во друг влажните состојки ( на крај додадете кокосово
масло на влажните состојки за да не се стврднат).
Во сувите состојки ставете ги влажните состојки и убаво измешајте додека не добиете компактно
тесто. Направете топка од ссмесата и побрашнете ја. Потоа завиткајте ја во фолија и ставете ја во
фрижидер 15 минути.
По 15 минути извадете го тестото (малку е полепливо, па подлогата на која ќе го расукате добро
набрашнете ја), расукајте го на дебелина од половина цм и исечете ги во форми по своја желба.
Печете на хартија за печење 15-20 минути.

По вкусни новогодишни колачиња до сега немате направено!

Среќни празници!

 

Органски кардамом во прав 200гр

Пречистен путер Ги (Ghee)

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...