fbpx
Онлајн jога вежби за целосно здравје
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Онлајн jога вежби за целосно здравје

Онлајн jога вежби за целосно здравје

by | Авг 31, 2020 | 0 comments

Драги јогини,
Продолжуваме и во септември со јога онлај часовите. Придружете ни се во есенскиот серијал. За овој месец го одбравме слоганот „Со јогата во борбата против КОВИД 19″.
Јогата е единствен пат до тело и ум без стрес и балансирано здравје. Нежните, а истовремено енергични асани ќе ни помогнат да се ослободиме од целиот стрес што се насобрал во телото, истовремено ќе го подобрат нашиот имунитет, а со помош на техниките за дишење, ќе ја одржиме виталноста на нашите бели дробови.
Јога програмата продолжува онлајн преку ZOOM, со можност да се вклучувате секој ден, на утринска, попладневна, хормонална јога или утринска сударшан крија.
🧘♀️За утринските часови од понеделник до петок, 8:00 до 9:00 часот. /Линк во инбокс/
🧘♂️ За попладневните часови од понеделник до петок од 19 до 20 часот /Линк во инбокс/
🧘♀️🧘♂️За хормонална јога понеделник и среда од 20,15 – 21,30 часот /Линк во инбокс/
А за сите кои имаат поминато Сударшан крија:
🎯Секој ден утринската падмасадана од 6,50 – 8 часот, а продолжуваме со утринска Сударшан крија ®️/Линк во инбокс/
За викенд од
8 – 9 часот.
Месечната чланарина за секоја јога чини 1.000 денари.
Уплатите можете да ги извршите на следната сметка 210072242810160 при НЛБ Банка Скопје. При уплатата ве молиме напоменете за избраниот модул и контактирајте не за да ви го испратиме линкот.
Чувајте се, следите ги препораките, останете дома и задржете го доброто расположение.
Серијалот online часови во живо со дел од твоите омилени инструктори продолжува.
🧘♂️🧘♀️🍵Спреми си топла напивка и стабилен интернет.
Инфо:
📲070358871
📲070358455

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...