fbpx
Основата на хармонијата е размена на енергија
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Основата на хармонијата е размена на енергија

Основата на хармонијата е размена на енергија

by | Фев 12, 2021 | 0 comments

 

Само хармонијата ги отвора срцата на луѓето кон љубовта и го прави светот посреќен. Древните исцелители велеле дека човекот е ќелија на планетата Земја и ако тој не живее во склад со неа, тогаш тој нема да биде среќен. Современите  психолози го потврдуваат ова. Професорот Станислав Гроф: „Причината за сите кризи на Земјата е незаситена желба да се остварат линеарни (себични) цели“.

Питер Расел: „За да се надмине глобалната криза на цивилизацијата, во коренот на кризата на свеста, мора да се ослободиме од себичниот, материјалистички режим на свеста што ги создава сите проблеми“.

Парацелсус ја дефинира хомеостазата како состојба на целосна хармонија помеѓу внатрешниот и надворешниот свет. Себичноста, самоинтересот и алчноста се најштетни затоа што тие ја уништуваат хомеостазата.

За да бидеме во хомеостаза, неопходно е да даваме енергија. Ако енергијата не се ослободи, тогаш почнуваме да стануваме зависни од околината. Основниот принцип на независност од надворешниот материјален свет е давање енергија на живите суштества. Хомеостазата започнува од духовното ниво и се потоа се шири на физичко и матерјално ниво. Да имаме духовна хармонија (хомеостаза), не треба да зависиме од светот. На крајот на краиштата, колку повеќе сме зависни од светот на било кое ниво, толку побрзо ќе не уништат промените кои се случуваат во светот.

Одамна е забележано дека во критични ситуации, како на пример во концентрационите логори, кога луѓето се оставени сами на себе, најпрво умирале себичните, алчните и агресивните луѓе.

Во времето на Сталин, имаше наредба да се стрелаат, пред сè, верниците и свештенството, затоа што тие на некој чуден начин не умираа во пеколни услови на концентрационите логори Значи, ние мора да престанеме да бидеме матерјални потрошувачи на животот, мора да научиме да даваме многу повеќе, да даваме во матерјалниот свет, а да земеме само на божествено ниво, каде што енергија и љубов е присутна во неограничени количини.

Храната ни дава енергија однадвор, но не троши однатре. Забележуваме дека луѓето кои консумираат мало количество храна се се далеку поенергични од оние што јадат многу. Затоа, кога се разболуваме, престануваме да јадеме. Целиот овој свет со постојан стрес, недуховна комуникација, промискуитетен секс, вознемиреност и сето ова ни одзема енергија. За разлика од постот и осаменоста како состојба ни дава енергија.

Затоа, едно од првите здравствени правила е да го сакаме светот со сите свои недостатоци, себеси (без разлика какви сме), да го прифатиме нашиот живот и судбина во сите животни ситуации и  околности.

Еден учител во Кабала, коментирајќи ја заповедта „Не убивај“, објасни дека оваа заповед се однесува на седум нивоа. На прво ниво, оваа заповед  значи да се убие човек физички, а на највисокото седмо ниво, да не убие љубовта во душата. Тоа е најголем грев – да се отфрли љубовта и да се откаже од единството со Бога. Затоа, дадете се од себе за да се ослободите од себичноста и од личниот интерес.

Постојат многу луѓе кои страдаат од синдромот „хроничен замор„. Современите научници тврдат дека сè што доаѓа од акцијата на нашето лажно его, од наши себични мотиви, матријални остварувања, лажни комуникации, манипулации, амбиции, престигнувања, доведува до уништување и пад на личната енергија, а  сè што доаѓа од срцето, односно од чувството на безусловна љубов доведува до добро здравје, расположение и целосна хармонија на нас самите и нашата околина.

Со разбирање и прифаќање на оваа вистина, започнуваме да живееме како  олицетворение на безусловна љубов.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...