fbpx
Осум ајурведски знаци дека телото има недостаток на цинк
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Осум ајурведски знаци дека телото има недостаток на цинк

Осум ајурведски знаци дека телото има недостаток на цинк

by | Сеп 9, 2021 | 0 comments

 

За да може нашето тело да функционира правилно, потребно е и доволно количество минерал
цинк. Откријте која храна содржи најмногу цинк и кои се знаците дека му недостасуваат на телото.
Минералот цинк е еден од петте најважни минерали за човечкото тело, заедно со железо,
калциум, магнезиум и калиум.
Цинкот има неколку важни улоги во телото:
***Придонесува за когнитивните способности и меморија и му помага на телото во производството
на важен хормон на тироидната жлезда – Т3.
***Придонесува за подобро функционирање на имунолошкиот систем, клеточна поделба, побрзо
заздравување на рани и обнова на ткива и човечкиот раст и развој воопшто. Поради овој бенефит
многу е важно бремените жени да земаат доволни количини од овој вреден минерал.
Школките се еден од најдобрите извори на цинк, а содржат и изобилство на селен што
придонесува за синтеза на тироидните хормони. За да внесете доволно хранливи материи во
вашето тело, правило број еден е да консумирате различни видови темнозелен лиснат зеленчук
што е можно почесто. Различни видови житарици се исто така богати со минерали, а јајцата и
алгите се исто така одличен извор. Дополнителни количини на цинк, исто така, може да се внесат
преку додатоци во исхраната.
Иако телото не бара големи количини цинк, може да се случи на телото да му недостасува.
Човечкото тело нема способност да складира резервни количини цинк, што значи дека е важно
редовно да внесувате доволни количини преку храна.
Недостатокот на цинк може да се манифестира во форма на:
1. акни, егзема, сув првут, себороичен дерматитис или алопеција
2. неспецифична улцерација на усната шуплина или бел слој на површината на јазикот
3. респираторни и гастроинтестинални проблеми
4. губење на апетит
5. летаргија
6. губење на косата
7. бавно заздравување на раните
8. губење на косата
Бидејќи цинкот добиен од месо се апсорбира многу поефикасно во телото, на вегетаријанците им
се препорачува да консумираат поголеми количини мешунки, соја, грав, ореви и прехранбени
производи од цели зрна.
Десет намирници кои содржат најголема количина цинк:
1. Месо (особено црвено, но сепак треба да се јаде умерено)
2. Школки (ракови, ракчиња)
3. Мешунки
4. Семиња (коноп, лен, тиква или тиквички)
5. Ореви (борови ореви, кикирики, индиски ореви и бадеми)
6. Млечни производи (сирење, млеко)
7. Јајца
8. Цели зрна
9. Некои зеленчуци (компири, грашок, ке ka)
10. Темно чоколадо

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...