Мелем за вашата коса
Маслото од сусам е многу густо и здраво и како такво е особено погодно за нега на коса и скалпот. Благодарение на богатството на протеини, ефикасно ја храни и ја зајакнува косата. Тоа служи и како превенција од оштетување предизвикано од УВ зраци, а исто така помага да се обнови веќе оштетената коса. Во комбинација со есенцијални масла е одлична природна алтернатива дури и за отстранување на вошки од косата. Ја забрзува циркулацијата на скалпот, го зајакнува коренот на косата, го стимулира нејзиниот раст и го спречува сушењето. Го обновува сјајот, еластичноста и мекоста. За сува коса и за дополнителен сјај, нанесете на дланките 2 до 3 капки масло, протрљајте и нанесете на сува и чиста коса.
Стресот е една од главните причини за губење на косата. Поради своите неверојатни смирувачки својства, масло од сусам помага во намалување на стресот, со што придонесува во борбата против опаѓање на косата и како природен кондиционер. Оставете го маслото да отстои што подолго на косата, а потоа измијте со природен шампон.




0 Comments