fbpx
Празнична ајурведска необично вкусна пита
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Празнична ајурведска необично вкусна пита

Празнична ајурведска необично вкусна пита

by | Дек 15, 2021 | 0 comments

Ајурведска пита, необична и многу вкусна. Кој и да пробал бил воодушевен, се надеваме дека и вие. 😊

Потребен материјал:

500-600 гр /интегрално или друго брашно кое одговара според вашата доша/ брашно

50мл Ги масло + за динстање и премачкување

1 лажичка кафеав шеќер

20 гр свеж квасец

200 мл вода

3 главици кромид

200 гр сечкани ореви

мелен црн пипер, со мелена слатка пиперкаи и малку куркума

Подготовка:

За филот: на малку масло се пржи кромидот, се посолува по желба. Кога е готов, тргнете го од оган и додадете 150гр сечкани ореви, па зачинете со црн пипер и мелена пиперка по вкус, додадете и малку луто, ќе го разгори дигестивниот оган и куркумата.. Остатокот од оревите тргнете ги на страна. Издробете го квасецот со шеќерот во водата, па оставете го да нарасне. Во садот за матење ставете 500 гр брашно (остатото тргнете го од страна и употребете по потреба). Додадете 50 мл Ги масло и преостанатиот квасец, па замесете тесто. Оставете го да отстои околу 15 минути, а потоа измешајте го на набрашнета работна маса и поделете го на три дела. Дел од тестото намачкајте го со сукало, а потоа целата површина премачкајте ја со четка со малку масло, а потоа посипете дел од остатокот од сечканите ореви. Намачкајте го вториот дел од тестото, па префрлете го преку првиот полнет дел, па премачкајте го со масло и посипете со ореви. Третиот дел поделете го и префрлете го врз вториот, само последниот не треба да се премачкува или да се посипува со ореви. Сега лесно измешајте сè, формирајте го тестото со сукало и поделете го на три дела. Плехот за печење од 26 сантиметри намачкајте го со Ги масло и посипете го со брашно. Загрејте ја рерната на 200С. Со сукало размачкајте дел од тестото во големина на плех, па внимателно префрлете го во плехот за печење. Врз него наредете половина од полнетиот фил од кромид и ореви. Се покрива со вториот дел од размачканото тесто, па се става остатокот од смесата и се покрива со третиот дел од размачканото тесто. Питата премачкајте ја со Ги масло пред да ја печете. Се пече во загреана рерна околу 45-50 минути. Испечената уште топла пита премачкајте ја со масло веднаш откако ќе ја извадите.

Питата е убава топла и ладна. . . .

 

Органска куркума во прав 200гр

Пречистен путер Ги (Ghee)

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...