ПРЕКРАСЕН НАПИТОК ОД БАНАНА ЗА ДОБАР СОН
На многумина бананите се омилено овошје токму поради нивниот неодолив вкус. Ова јужно
овошје е богато со влакна и други важни хранливи материи, вклучувајќи ги магнезиумот и
калиумот.
Состојки за 1 чаша:
– 1 банана
– 2 дл вода
– прстофат цимет
– прстофат кардемон
Подготовка:
Ставаме вода во сад на оган да зоврие. Земаме една банана и ги сечеме двата краја на
бананата и заедно со кората ја миеме убаво под млаз вода и потоа ја ставаме во водата
која веќе врие/ 10 минути.
Со помош на цедалка ја истураме течноста во чаша. Од садот ја вадиме сварената банана,
ја посипуваме со мед и ореви и полека се сладиме. Претходно изедената банана ќе го
потенцира ефектот на чајот со неговото смирувачко дејство.
Во чашата посипуваме цимет и кардемон со прстофат. Циметот и кардемонот се
опционални, но и двата зачина одлично одат со вкусот на чајот од банана. Се пие еден час
пред спиење.
Главната придобивка од овој чај доаѓа од триптофанот, хемикалија која ве заспива, а која е
присутна во обилни количини во кората од банана. Нема ништо полошо од тоа да неможеме да
заспиеме, се превртуваме со часови во кревет, гледаме во часовникот, одбројуваме колку
останува до првото разденување и вклучување на алармот. Ете, ако ни се случи ваква ноќ во која
очите ни се ширум отворени, имаме одлично, сосема природен лек кој инстант ќе не опушти и
потоне во длабок и мирен сон.




0 Comments