Неверојатната моќ на визуелизација
Исечоци од интервјуто на А.Мишра –ајурведски доктор кој за списанието Natural medicine даде
негово опширно видување за неверојатната моќ на визуализацијата.
Тој со години не советува како да се справиме со предизвиците во животот, како да останеме
смирени и свесни и покрај сестраните бурни и негативни случувања, како во најнепредвидени и
најопасни ситуации да останеме свесни и да постигнеме баланс на трите доши, што е најважен
фактор за добро психо-физичко здравје.
– Навистина, вели тој: нервозата, паниката и стресот може да доведат до многу неповолни
последици кај човекот. Затоа треба да знаеме како самите може да влијаеме на смирување на
стрес, трема, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, свесно да влијаеме на имунитетот.
Самите може да влијаеме на себе, но потребно е да го програмираме умот кон позитивното, кон
успехот, свесно да влијаеме на целокупниот живот. Ќе прашате КАКО?
-Потребно е да научиме како да ги применуваме „техниките на визуелизација„.
-„Реорганизација“ на мозокот е можна поради невропластичност, која вклучува два главни
процеси: неврогенеза (раст на нови неврони) и синаптогенеза (формирање на нови врски
помеѓу невроните). Неврохемикалиите се мали органски молекули кои брзо се менуваат и
учествуваат во работата на нервниот систем. На овие важни процеси се влијае единствено преку
медитација, самосвест, свесност и техники за визуелизација.
-Благодарение на визуелизацијата, може да ја претвориме апстрактната надеж во
вистинска слика која не само што ќе не инспирира, туку и ќе не мотивира и води низ
животот. Др.А.Мишра тврди дека човечкиот мозок не може секогаш да прави разлика помеѓу
информациите зачувани во меморијата и оние што се создадени од имагинацијата.
Тој вели: „Кога замислуваме дека веќе сте го постигнале она што го сакаме, ние и нашиот мозок
започнуваме да работиме заедно за да го спроведеме посакуваното во реалниот живот.
Како да го програмираме мозокот да успее?
-За да го „програмираме“ мозокот, треба да вежбате визуелизација најмалку шест недели.
Оптимално: 5-10 минути на ден. Ако имаме премногу работа или обврски попладне, добро е да
вежбаме визуелизација веднаш по будењето или пред спиење.
Важно е да замислиме и да знаеме што сакаме да добиеме со оваа техника. Она што го
посакуваме треба да е за наше лично добро. Единствено тогаш има успех. Се друго, не е
дозволено и не преставува визуализациа. На пример, имаме тахикардија или вознемиреност
подолго време. Што правиме? Полека седнуваме во медитативна положба и почнуваме да се
гледаме одвнатре. На пример, доаѓаме до срцето и го гледаме вознемирено, но полека почнуваме
свесно да го смируваме, да гледаме како се смируваат отчукувањата, како телото се враќа во
нормала…..и така по 5 минути секојдневно. За многу кратко време ќе успееме со помош на
визуализацијата да влијаеме самосвесно врз нашето здравје.
Откако ќе ја создадеме оваа слика во нашата глава, време е да ја усогласиме „меморијаата“ или
„визијата“ со она што се случува во реалноста. Ако сакаме да бидеме потполно здрави, треба да
ја претвориме апстрактната надеж во вистинска слика. Запомнете, секое утро Визуализираме,
замислуваме дека ова се случило, односно дека е реалност: јас сум здрав, се чувствувам здраво
и енергично.
Со помош на оваа едноставна техника, свесно ќе дејствуваме и на крајот ќе го оствариме
нашиот сон! Моќта е во едноставните нешта!
Голема помош се постгнува со редовно практикување јога и медитација.




0 Comments