Лек за лошо расположение и депресија
Кога се смеете, автоматски се чувствувате подобро
Заразна е, но не и опасна.
Напротив, смеата ти дава расположение, здравје на телото и душата, те поврзува со луѓето и дава чувство на исполнетост.
Достапна и бесплатна е за сите, смеата е непроценет природен лек.
СМЕАТА го зајакнува имунолошкиот систем, обезбедува енергија и намалува болка.
Како смеењето ќе не направи поздрави?
Смеата е природно решение и одговор на многу здравствени прашања, а нејзината „примена“ започна да биде позначајно истражена во 1960-тите.
Денес е познато дека ништо побрзо неможе да делува на телото како добра доза на смеа, создавајќи рамнотежа помеѓу телото и умот.
Алтернативната медицина се користи илјадници години, но нејзината куративност се докажува со сè повеќе истражувања во психологијата и медицината.
Смеењето како невидлив помошник успева да ги намали чувствата на грижа, страв и вознемиреност, да поттикне позитивен начин на размислување и да создаде надеж.
Така го лекува телото.
Што се случува во вашето тело кога се смееме?
😀 Се опушта целото тело и на тој начин добива заштита од ефектите на стресот и напнатоста. Замислете, мускулите остануваат опуштени до 45 минути откако ќе престанеме да се смееме.
😀 Го зајакнува имунолошкиот систем. Смеењето го намалува кортизолот, надбубрежниот хормон на стрес, кој најчесто е одговорен за нарушен имунитет и многу други проблеми.
Кога се смееме, клетките одговорни за зајакнување на имунитетот и антителата одговорни за борба против инфекции се зголемуваат.
😀 Го ослободува хормонот за среќа – ендорфин
Покрај тоа што е задолжена за добар хумор, хормонот за смеење ендорфин ќе ви даде, барем за некое време, чувство дека сè е во ред со вас и светот. Овој омилен хормон има можност да ја намали болката, иако трае само неколку моменти.
😀 Го подобрува функционирањето на срцето и крвните садови
Доза смеа може да направи многу за нашиот циркулаторен систем, исто така. Смеењето ја подобрува функцијата на крвните садови, ја стимулира циркулацијата.
Практикувајте јога и научете како природно да го поттикнете лачењето на хормоните на среќа.




0 Comments