fbpx
Сменете го ставот кон себе!

Сменете го ставот кон себе!

by | Мај 18, 2021 | 0 comments

Што се случува кога конечно ќе го смените ставот кон себе?

Се подобрува односот со себе
Веднаш штом ќе започнете да се грижите за себе: физички, емоционално и ментално,
престанувате да комуницирате со оние кои внесуваат негативни емоции во вашиот живот.
Едноставно, сфаќате колку е важна врската со себе
Почнуваме да се сакаме себеси
Престанувате да барате љубов за да ја пополните празнина
Не привлекуваме повеќе токсични луѓе
Се ослободувате од луѓе со кои не се развиваш, оние кои ве навредува, луѓе кои не возвраќаат на
вашите чувства, оние кои ве тргаат од нивниот ѓивот, сите кои не соодејствуваат со тебе во
животот. Понекогаш најтешкиот дел од секојдневните активности е отстранување на одредени
луѓе од вашиот живот.
Стануваме посреќни
Со самиот став дека избегнуваме негативни ситуации и луѓе кои не ни носат среќа, имаме
помалку проблеми и автоматски среќата од нас извира
Се подобруваат односите со луѓето
Одеднаш, луѓето кои ги што ги оставивне настрана и ги поттргнавме настрана од секојдневието,
поторно почнуваат да се појавуваат во нашиот живот и позитивно да влијаат, мотивирајќи не да
станеме уште подобри зошто тие се со нас на иста бранова должина.
Привлекуваме квалитетни луѓе
Не не привлекуваат повеќе оние недостижните, оние кои не ни одговараат на пораки, ниту оние
кои малку обрнувале внимание на нас. Почнуваме да го цениме сопственото време и енергија.
Можно е и нашиот партнер повторно да биде најважната и највлијателна личност во животot,
веднаш штом сфатиме дека не треба да трчаме по нештата однадвор и дека се што ни треба е во
нас и околу нас.
Почнуваме да се бориме за себе и за тоа во што веруваме
Кога ќе почнеме да веруваме во себе, престануваме да веруваме во тоа што другите велат и
мислат. Тие можат да говорат што сакаат, ние не обрнуваме влијание на тоа и не ги слушаме.
Имаме свое мислење и свој живот. Ако некому нешто не му одговара, тој знае каде е излезот.
Стануваме побезбедни
Безбедноста почнува да зрачи во сите области од вашиот живот. На работното место, во личниот
живот, во донесување било каква одлука, во сите свери на животот стануваме побезбедни, повеќе
се гледаме себеси и не обрнуваме внимание на недостатоците, туку на предностите.
Престануваме со изговори
Ако донесеме одлука што не прави среќна, не треба никому да објаснуваме зошто сме ја донеле
таа одлука

Престануваме да се извинуваме
Кога сме сигурни во нашето правилно делување, не мора никому да се извинуваме. Да, се
извинуваме кога не сме во право, но престануваме да се извинуваме за ситни нешта.
Престануваме да чекаме
Престануваме да веруваме во лаги и изговори. Кога сме сигурни во себе, не сакаме да бидеме со
оние кои не се сигурни во себе. Ги испуштаме врските и луѓето што не приморуваат да чекаме.
Не сме завидливи
Претходно, постојано се споредувавме со некого. Но, кога сме со себе знаеме дека единствениот
човек со кој се споредуваме сме ние самите.
Не се согласуваме со помалку

Нашите стандарди треба да бидат високи, дури и ако некому изгледаат нереални. Треба да
истраеме и да не се согласуваме на ништо помалку.
Го ослободуваме товарот од минатото
Особено оној што не ни припаѓа. Се ослободуваме од туѓи проблеми и навреди. Не дозволуваме
да не следат. Почнуваме да учиме да живееме во сегашниот миг.
Престануваме да се обвинуваме себеси
Преземаме одговорност за се на што можеме да влијаеме и се друго што не е во наш домет
престанува да биде наш проблем.
Стануваме селективно себични
Себичноста не е лоша. Ставањето себеси на прво место е она што треба да го направиме
Престануваме да се задржуваме на негативното
Негативни луѓе. Негативни разговори. Интрига. Манипулација. Ништо од ова не го подобрува
нашиот живот и затоа подобро е да се фокусираме на позитивното.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...