fbpx
Храна која брзо ги обновува органите и телото
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Храна која брзо ги обновува органите и телото

Храна која брзо ги обновува органите и телото

by | Сеп 28, 2021 | 0 comments

 

Кожата се обновува за 28 дена, на коските им се потребни околу 10 години, цревните клетки се
обновуваат на секои три до четири дена, а што се однесува до мозочните клетки, тие не се
обновуваат, затоа треба да се чуваат.
Доброто зравје значи и добра обнова на органите, бидејќи старите клетки мора да се заменат со
нови, со тоа и продолжува животот. Храната е многу важна за обнова на клетките и затоа
потребно е да се знае која храна е од најголема помош за обнова на клетки на одредени делови
од телото.
*Регенерација на нервите
Постои широк спектар на природни соединенија кои имаат регенеративно дејство врз нервите.
Комбинацијата на боровинки, зелен чај и карнозин (се наоѓа во свинско, говедско, риба) помага во
обновувањето на нервните и матичните клетки кај животните со невродегенеративни заболувања.
Други супстанции со слични ефекти се: куркумин (корен од куркума), апигенин (соединение кое се
наоѓа во целер, јаглика, артичок), боровинки, женшен, црвена жалфија, ресвератрол (црвено вино,
црвено грозје, темно чоколадо), матичен млеч, теанин ( зелен чај) и кафе. Постојат и други
супстанции кои помагаат да се излечи нервот со поправка на обвивката на миелинот на нервните
влакна. И музиката и заљубувањето имаат позитивен ефект врз регенерацијата и закрепнувањето
на невроните.
*Регенерација на црниот дроб
Гликриризин е соединение кое се наоѓа во сладок корен, кој е одличен стимуланс за регенерација
кај животните во кои хируршки е отстранет дел од црниот дроб. Други супстанции кои помагаат во
обновување на црниот дроб се: карвакрол (масло од оригано), куркумин (корен од куркума),
женшен, артичок, витамин Е (тофу, спанаќ, бадеми, семки од сончоглед, авокадо, ракчиња, риба,
маслиново масло, брокула и тиква).
*Регенерација на бета клетки
Бета клетките произведуваат инсулин во панкреасот. Следните соединенија помогнат на луѓето
со дијабет: сребрена свила, црн ким, витамин Д (риба, кавијар, јајца, сирење), куркумин (корен од
куркума), аргинин (црвено месо, соја, јајца, морска храна, сусам), авокадо, диња, блитва, свилена
пченка, стевија, сулфорафан ( брокула, кељ, прокељ, зелка, карфиол).
Хормонална регенерација
Едно од соединенијата што ги регенерираат хормоните, ослабени со губење на електрони, е
витамин Ц (пиперки, кељ, киви, брокула, јагоди, портокали, грашок).
Овој витамин има способност да ја врати формата и функцијата на естрадиол (естроген, Е2),
прогестерон и тестостерон, поради што може да биде добар додаток или замена за хормонска
терапија.
Регенерација на срцевиот мускул
До неодамна, се сметаше дека мускулното ткиво не е предмет на регенерација. Новото
истражување покажува дека постојат соединенија кои ги стимулираат градежните блокови на
срцевиот мускул кои го сочинуваат здравото срцево ткиво.

Што да се јаде? Ресвератрол (црвено вино, црвено грозје, темно чоколадо), сибирски женшен, Н-
ацетил-цистеин (овесна каша, свинско, пилешко, пченични никулци, младо сирење)

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...