fbpx
Цимет и жалфија ајурведска комбинација посилна од било која хемија
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Цимет и жалфија ајурведска комбинација посилна од било која хемија

Цимет и жалфија ајурведска комбинација посилна од било која хемија

by | Окт 5, 2021 | 0 comments

 

*ЖАЛФИЈА
Ајурведата вели дека жалфијата е клучот за долговечноста. Има антибактериски,
антифунгални и антивирусни својства. Жалфијата е растение кое се користи во Ајурведата
како природен антибиотик илјадници години.
„Не се плаши од болест ако имаш жалфија во градина“, вели Ајурведата.
***Таа (Salvia officinalis) е особено добра за лекување инфекции во грло, респираторен систем,
како и во устата.
***корисна е за стомачни инфекции и цревни проблеми
***помага при намалување на треска и болки во телото што се јавуваат при појава на настинки и
грип.
*ЦИМЕТ
Од друга страна, Ајурведата вели дека циметот може да ги убие повеќето видови бактерии,
дури и оние отпорни на стандардни антибиотици, а особено ешерихија коли.
Само една лажичка цимет, убива 99,5 проценти од тие бактерии за три дена на собна
температура.
Затоа, би било одлично да се земаат во комбинација, во овие три рецепти кои се докажано моќни
во борба за добро здравје
Тинктура од жалфија
Натопете околу 250 гр листови жалфија во 1,5 литри ракија, по можност гроздова ракија. Оставете
да отстои три недели, процедете и измешајте со 1,5 кг неутрален мед.
Истурете во стаклени шишиња и оставете да отстои уште три недели. Протресете повремено, и
кога ќе истече тоа време, пијте по малку секој ден.
Тинктура од жалфија за превенција на болести
Ставете 20 грама сецкани листови жалфија во 1 децилитар од 70% етил алкохол. Оставете
тинктурата да одстои на топло место, еден месец.
Употреба: Додадете 10 до 15 капки тинктура во малку вода, сок или чај три пати на ден.
*Забрането е за бремени жени и деца!
Жалфија и цимет, топ лек против бронхитис
Растопете две лажици шеќер, а потоа истурете половина литар млеко, како кога правите пржено
млеко. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и додадете лажичка сецкана жалфија и половина
лажичка цимет. Оставете да отстои десет минути, потоа процедете и испијте три пати во текот на
денот, додека трае заболувањето.

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...