fbpx
Чистење на јазикот – зошто и како?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Чистење на јазикот – зошто и како?

Чистење на јазикот – зошто и како?

by | Јун 28, 2020 | 0 comments

Можеби се сметате за експерт за орална хигиена и посветувате огромно внимание на забите, но дали го чистите јазикот?

Ако не, вашата орална хигиена не е на завидно ниво. Оваа навика не смеете да ја пропуштите.

Ајурведата препорачува чистење на јазикот со бакарен чистач кој ќе направи чуда за вашиот организам.

Придобивките од овој краток утрински ритуал се:

  • Ослободување од лошиот здив и бактериите

Гавната причина поради која треба да го чистите јазикот е за да се ослободите од бактеријата халитоза, што предизвикува лош здив. Според едно истражување на стоматолозите најголемиот дел од бактериите во вашата уста живеат на јазикот и ако ги игнорирате бактериите на јазикот, тие ќе се размножат. Ако е така оставена, оваа бактерија ќе се пренесе од јазикот на вашите заби и така залудно ќе ви биде четкањето кое штотуку сте го направиле на забите. Добро исчеткајте го јазикот и нема да мора да употребувате толку голем број бонбони и гуми за џвакање за освежување на здивот.

  • Го спречува расипувањето на забите

Како што споменавме, пренесувањето на бактериите од јазикот на забите ќе предизвика нивно разјадување и расипување. Тоа на крајот може да доведе до распаѓање на забите и гингивитис.

  • Ги држи настрана стомачните болести

Ако секој ден се борите со варењето на храната, чистењето на јазикот може да биде решението што го барате. Истото важи и за вознемирените стомаци или стомачните чиреви. Бактериите од устата, преку грлото, патуваат до стомакот. За да се ослободите од појавувањето на киселина, четкајте ги забите и јазикот пред да јадете што било рано наутро и правете жабуркање со масло. Кога јадете и пиете преку храната и пијалаците ги префрлате бактериите во стомакот.

  • Ги стимулира внатрешните органи

Јазикот рефлектира што се случува со вашите внатрешни органи. Одредени точки на јазикот може да се поврзат со специфични органи во телото. Со гледањето на јазикот секојдневно и набљудување дали има разлики или воспаленија на одредени делови може да се открие што се случува во вашето тело. Чистењето на јазикот секојдневно може да ги стимулира вашите органи, односно да даде резултати слични на акупунктура.

  • Му помага на имунитетот

Како што ја уништува бактеријата халитоза, четкањето на јазикот ги елиминира и другите бактерии што носат вируси и болести. Кога ќе почнете да чувствувате гребење на задниот дел од грлото, исчеткајте го јазикот и исплакнете го грлото. Вашиот имунолошки систем ќе ви биде благодарен што сте ја спречиле болеста пред комплетно да нападне. Оралната хигиена ќе ви даде поблескава насмевка и посвеж здив, но и поздраво тело.

Пред чистење на јазикот обавезно направете го утринскиот ритуал на жабуркање со масло, а потоа измијте ги забите со ајурведсите пасти, Изборот го оставаме на вас дали ќе биде со вкус на ментол и цимет или пак портокал и кардамом

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...