Некои од придобивките од позитивното размислување, покрај зајакнат имунитет, се намален
ризик од срцеви заболувања, проблеми со дигестивниот, респираторниот, ендокриниот и други
телесни системи. Позитивната мисла влијае врз емоциите и интелектуалните способности.
Така на пример, ние сме покреативни, интелигентни и фокусирани ако сме во состојба на
задоволство, благодарност, сочувство и љубов.
Неприродно брз и стресен ритам на живот предизвикува растечки здравствени проблеми како
заболувања на нервниот и васкуларниот систем, со што јасно се гледа дека умот и телото не се
два целосно одделни ентитети, што сè уште е преовладувачка идеја во западната медицина.
Применувње некои од многуте достапни техники за релаксација, јога, медитација, техники за
дишење или креативни работилници како танц, уметнички изразувања, хоби има позитивен ефект
врз нашите мисли и емотивна состојба, со што се поддржува здравјето на нашето тело.
Споделете корисна содржина со пријателите 🙂




0 Comments