fbpx
Широдара – лек за мигрена главоболка и стрес
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Широдара – лек за мигрена главоболка и стрес

Широдара – лек за мигрена главоболка и стрес

by | Авг 1, 2020 | 0 comments


Честопати доаѓате дома уморни и исцрпени, во вечерните часови ве мачи страшна мигрена и нема како да го промените работниот распоред и да го намалите стресот?

Направете ајурведска масажа на главата со растителни инфузирани и ароматични масла.

Придобвки:

🔸 ги зајакнува нервите
Ја подобрува функционирањето на лимфниот систем, поттикнува елиминација на токсините
🔸 ги релаксира сите мускули
Ја забрзува циркулацијата на крвта во цервикалниот регион
🔸 помага за подобрување на концентрацијата и во олеснување на нападите на мигрена.

#Широдара е длабока релаксирачка и нежна терапија која се користи за смирување на нервниот систем. Постојаниот проток на топло терапевтско масло го облева целосно челото и скалпот, а потоа продира длабоко до нервниот систем и на овој начин го снемува стресот и анксиозноста, оставајќи ве во длабока релаксација и мир.

Придобивките од #shirodhara се за намалување на високите нивоа на ментален стрес. Внесува смиреност, спок и носи голема релаксација. Постојаното течење топло масло го потенцира она што кардиологот и основач на Медицинскиот институт за ум / тело на Харвард, д-р Херберт Бенсон, го нарече вистински третман за релаксација. Бидејќи на тој начин телото влегува во длабока релаксација, хормоните на стрес се намалуваат додека хипер-активните модули на мозокот (бета бранови) преминуваат во релаксирани-смирувачки (алфа бранови).

Д-р Бенсон ја опиша реакцијата на релаксацијата како начин на кој може да се активира парасимпатичниот нервен систем на телото, оној дел кој заштедува енергија, го забавува отчукувањата на срцето и ги релаксира мускулите. Една (мала) студија покажа дека третманот широдара значително влијае на тие мерливи маркери на релаксација со намалување на дишењето, намалување на дијастолниот крвен притисок и забавување на отчукувањата на срцето.

Затоа не двоумете се да закажете третман во нашиот ајурведски центар и уште денес победете ја мигрената и стресот.

 

Широдара

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...