Ајурведската масажа на главата е многу позната во светот. Тоа е традиционална техника за масажа која се пренесувала од генерација на генерација и продолжува до ден-денес. Многу специфични ајурведскиот масла се користат, кои потекнуваат од дамнина, кои во исто време стимулираат просчистување од непријатни мисли, а го поттикнуваат растот на сјајна и густа коса. Маслото кое најчесто се користи е од избрани многу ретки и ценети билки со додаток на ајурведски суплементи. Ајурведските билки се исклучителено добри за имунитет, но и за стимулирање на фоликулите на косата. Масажата на главата го опфаќа вратот и горниот дел од грбот, всушност сите оние делови што страдаат поради долго седење и изложеноста од стрес. Масажата е исклучително добра против главоболки, заболени синуси, замор или заболувања на современото општество.
Млазот на топло масло врз главата создава сензитивен допир и електрични импулси кои се пренесуваат на мозокот поттикнувајќи го да создава: допамин, серотонин и ендорфин, хормони на среќа и љубов, на природен начин, без никакви несакани ефекти. Покрај тоа, таа делува на жлездите со внатрешно лачење на хормоните и го балансира целиот хормонален систем. Самото ова покажува колку е вреден третманот. Интересно е што за време на третманот телото целосно се опушта, умот левитира, така што е на нишка од рајот и земјата, а свеста е будна. Бидејќи се разбиструва и чисти свеста, ние исто така го нарекуваме длабока медитација.
Почувствувајте ја добробитта на овој третман во нашиот ајурведски центар и закажете веднаш Широдара.
0 Comments