fbpx
ЈАБОЛКО – природен ајурведски лек
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • ЈАБОЛКО – природен ајурведски лек

ЈАБОЛКО – природен ајурведски лек

by | Окт 5, 2021 | 0 comments

Есен и зима се период од годината кога ова овошје е најзастапено на пазарите и трпезата. Секако е и најсочно и најприродно. Искористете ја оваа сезона за да вкусите прекрасно домашно јаболко.

***Јаболкото, омиленото овошје во својот состав содржи флавоноиди, кои имаат особено
корисен ефект врз здравјето на луѓето:
Јаболката помага врз работата на срцето. Јаболкото е богато со овошни влакна го
намалуваат нивото на лош холестерол, со што се намалува ризикот од срцеви
заболувања.
Јаболката спречува затнување на артериите, со што се намалува ризикот од срцев удар
Превенција од астма;
Јаболката спречува напади на астма. Флавоноидите играат многу важна улога во
создавањето на силни бели дробови. Луѓето кои редовно консумираат јаболка имаат
подобра функција на белите дробови од другите.

Јаболката го чисти црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините.
***Јаболката содржат значителни антиоксиданси; Иако повеќето овошја и зеленчуци содржат
антиоксиданси, јаболката содржат еден од најважните видови – кверцетин, што ги намалува
штетните ефекти на слободните радикали, го зајакнува имунитетот и спречува појава на многу
болести, особено може да спречи појава на катаракта.
***Тие се богати со растителни влакна;
Јаболката се одличен извор на растителни влакна, така што помагаат во правилното
функционирање на дигестивниот систем. Покрај тоа, влакната можат да го регулираат
вашиот апетит и да ве одржуваат сити подолго време.
Ја зголемува издржливоста: Ако сакате да ја зголемите издржливоста, јадете јаболко
пред тренинг. Јаболкото го зголемува протокот на кислород во вашите бели дробови, така
што ќе можете да вежбате подолго и полесно.
Против затвор /опстипација/; Овој многу сериозен здравствен проблем се јавува кога дебелото црево
апсорбира премногу вода. Јаболката ефикасно го решаваат проблемот со запек, бидејќи
содржат сорбитол. Кога оваа супстанца ќе стигне до дебелото црево, црпи вишок вода од
неа. Столицата станува помека и почеста.
Помага при слабеење: Сигурно сте слушнале дека луѓето кои се грижат за својата исхрана
земаат еден или повеќе помали оброци во текот на денот. Јаболкото само се смета за
еден оброк, и е особено корисно наутро кога може да го забрза губењето тежина.
ЗАПОМНЕТЕ: Кога сте гладни, јадете јаболко наместо чоколадо или чипс.

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...