fbpx
Јади како јогин – со многу љубов, свесно и со почит -прв дел-
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Јади како јогин – со многу љубов, свесно и со почит -прв дел-

Јади како јогин – со многу љубов, свесно и со почит -прв дел-

by | Сеп 14, 2020 | 0 comments

 

Дали има нешто поинтимно од внесувањето храна во нашето тело?

Однсувањето кон храната и начинот на приготвувањето на храната, во голема мера влијае само
на нашето здравје, расположение и на нашиот целокупен живот.
Старите јогини храната обрнувале големо внимание на овој извор на енергија.
За жал, ова е нешто што денес го забораваме, често јадејчи од нозе, во брзање, дури и без да
размислуваме што има на нашата чинија и што внесуваме во сопственото тело.

Телото е храм на душа – внимавај што ставаш во него

За јогините човечкото тело е свето возило со кое душата се движи низ овој земен, физички свет.
Бидејќи физичко тело и здравјето зависат од храната што ја јадеме и нејзиниот квалитет, треба да
пристапиме кон исхраната со целосна свесност за тоа каква храна внесуваме, како ја
подготвуваме и како јадеме.
Кога ќе станете длабоко свесни за фактот дека вашето тело е храм населен со вашата душа, ќе
започнеме да приоѓаме на храната со целосна почит.
Ако нашето тело е свет храм, дали ќе се согласиме да консумиреме разни отпадоци, ѓубре и
отрови? Секако дека не би го сториле тоа!

Принципот на ненасилство – ахимса

Еден од основните јогиски принципи е принципот на ахимса или ненасилство. Значи, не треба да
правиме никаква штета на ниту едно живо суштество, а тоа значи дека не треба да земеме нечиј
живот за да се хранимеа. Иако многу животни јадат други животни, тоа го прават инстинктивно,
водени од нивните инстинкти. Ние, луѓето, имаме моќ на расудување и целосна свесност за тоа
што правиме, па затоа носиме далеку поголема одговорност од животните.

Потребно е да се јаде полека и свесно

Јади полека слушајќи ги сигналите на своето тело, повторувајќи ја изреката „Не живеј за да јадеш.
Јади онолку колку е потребно да живееш “. Таа мудра мисла треба да биде наша звезда водилка
додека се наоѓаме на трпезата. Јадеме само колку што ни треба за живот, не јадеме големи
количини, уживаме во разнобојните и разновидните оброци. Идеално е да јадеме колку да се
наполни 2/3 од стомакот, секогаш оставајќи слободен простор. Важно е да не сме прејадени, да
дишеме нормално, со полни бели дробови. Со прејадување, го исфрламе телото од равнотежа,
што е причина за појавување хронични болести. Многу е подобро да се пости отколку да се
прејадува. Од време на време, треба да се откажуваме од оброците, консумирајќи само вода или
природни сокови. Ова е одличен начин за детоксикација на телото и „полнење на батериите“.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...