Современата наука откри едноставен модел на дишење кој може да ја намали анксиозноста за само неколку минути, а ајурведата го промовира веќе 5000 години:
👉 две кратки вдишувања низ нос + едно издишување долго низ уста
Овој ритам го активира парасимпатичкиот нервен систем, го активира Нервус вагус создавајќи моментален одговор на релаксација:
-
💓 срцевиот ритам се успорува
-
🌊 крвниот притисок се стабилизира
-
🌱 хормоните на стрес се намалуваат, а се лаќат сречните хормони
🔗 Врската со Ајурведа
Во Ајурведата, здивот е носител на Прана – животната енергија. Начинот на кој дишеме директно влијае на умот (Манас) и на рамнотежата на дошите.
-
Вата доша е првата која се вознемирува при анксиозност и стрес. Овој модел на дишење ја стабилизира Вата, носејќи мир и центрирање.
-
Пита доша се смирува со постепеното ладење и јасност што доаѓа преку регулиран здив.
-
Кафа доша добива енергетско движење, што ја спречува стагнацијата и тежината.
🌿 Практична примена
-
Може да се прави насекаде, во секое време.
-
Потребни се само 5 минути за видлив ефект.
-
Редовната практика создава долгорочна емоционална отпорност, баланс и хармонија на телото и умот.
✨ Кога ќе почувствувате анксиозност, сетете се:
Вдишување – Вдишување – Издишување
Со секој циклус ја враќате смиреноста, јасноста и внатрешната сила.





0 Comments