fbpx
🌿✨ ЧАЈОТ И КАФЕТО ШТО ГО ПИЕТЕ ВО ХАРТИЕНИ ЧАШИ МОЖЕ ДА НОСИ МИКРОПЛАСТИКА ✨🌿
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 🌿✨ ЧАЈОТ И КАФЕТО ШТО ГО ПИЕТЕ ВО ХАРТИЕНИ ЧАШИ МОЖЕ ДА НОСИ МИКРОПЛАСТИКА ✨🌿

🌿✨ ЧАЈОТ И КАФЕТО ШТО ГО ПИЕТЕ ВО ХАРТИЕНИ ЧАШИ МОЖЕ ДА НОСИ МИКРОПЛАСТИКА ✨🌿

by | Ное 13, 2025 | 0 comments

Новата студија од IIT Kharagpur откри нешто што ни го менува начинот на кој размислуваме за „обичната хартиена чаша“.
Само една топла чаша чај или кафе во ваква чаша може да ослободи над 25.000 микропластични честички – невидливи, но длабоко штетни за клетките, хормоните и нервниот систем.
👁️‍🗨️ Според ајурведа, сè што внесуваме станува дел од нашата Оџас – виталната есенција што ја гради свеста, имунитетот и животната сила. Кога пијалокот поминува низ токсичен материјал, и неговата енергија се менува – станува тамасична (загадена и тешка).
Затоа нашите предци пиеле вода и чај од бакарни, земјени и стаклени садови – не само заради вкусот, туку заради енергетската чистота и лековитите својства на металите.
🔥 Бакар (Tamra), според ајурведата:
ја прочистува водата и ги убива штетните микроорганизми,
ја балансира тридошата (Вата, Пита, Кафа),
ја зголемува Ојас енергијата и метаболичниот оган (Агни),
го смирува нервниот систем и ги прочистува каналите (Сротаси).
💫 Заменете ја хартиената чаша со бакарна чаша – не само заради стил, туку заради свесен избор кон живот без токсини.
Пијте со благодарност, осетете ја топлината на бакарот под вашите прсти и дозволете му на пијалокот да стане лек, а не отров.
🌺 „Кога пиете од бакар – пиете светлина.“ 🔻

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...