fbpx
🌭✨ ДОМАШНИ ВЕГАНСКИ КОЛБАСИ СО АЈУРВЕДСКИ ЗАЧИНИ
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 🌭✨ ДОМАШНИ ВЕГАНСКИ КОЛБАСИ СО АЈУРВЕДСКИ ЗАЧИНИ

🌭✨ ДОМАШНИ ВЕГАНСКИ КОЛБАСИ СО АЈУРВЕДСКИ ЗАЧИНИ

by | Сеп 4, 2026 | 0 comments

Златна коричка, сочна средина и мирис што ги собира сите околу трпезата! Со леќа, тофу и топли зачини — вкусни за појадок, ручек или дружење покрај скара. 🌿
Ви го нудам овој рецепт во замена за едноставно „Ммм“! 😋
Состојки за 8 колбаси:
• 200 г сварена кафеава или зелена леќа, добро исцедена
• 200 г цврсто тофу, притиснато и исцедено
• 80 г ситно сомелени овесни снегулки
• 1 лажица мелено ленено семе + 3 лажици вода
• 1 лажица ги масло
• 1 лажица соја-сос или тамари
• 1 лажичка мелен кумин
• 1 лажичка мелен коријандер
• ½ лажичка мелен ѓумбир
• ½ лажичка слатка црвена пиперка
• ¼ лажичка куркума
• ¼ лажичка мелено семе од анасон
• 2 лажици ситно сечкан магдонос
• Малку црн пипер и сол по вкус
Подготовка:
1️⃣ Измешајте го лененото семе со водата и оставете го 10 минути да се згусне.
2️⃣ На тивок оган загрејте го маслото. Додајте ги сувите зачини и промешајте 20–30 секунди, само да замирисаат.
3️⃣ Изгмечете ја леќата со тофуто или кратко обработете ги во сечко. Оставете малку текстура — смесата не треба да стане мазно пире.
4️⃣ Додајте ги зачините со маслото, ленената смеса, овесот, соја-сосот и магдоносот. Измешајте и оставете во фрижидер 30 минути. Ако смесата е премногу влажна, додајте уште 1–2 лажици мелен овес.
5️⃣ Со малку намаслени раце обликувајте 8 цврсти колбаси. Наредете ги врз хартија за печење и лесно премачкајте ги со масло.
6️⃣ Печете во загреана рерна на 190 °C, околу 25–30 минути, со внимателно превртување на половина од печењето. Оставете ги 10 минути да се стегнат.
🔥 За на скара: прво испечете ги и изладете ги целосно. Потоа премачкајте ги со малку масло и потпечете ги на умерено загреана грил-плоча по 2–3 минути од секоја страна.
🌿 Ајурведска инспирација: куминот, коријандерот, ѓумбирот и анасонот создаваат ароматична комбинација присутна во ајурведската кујна. Послужете ги топли, со динстан зеленчук и сос од таан, лимон и малку вода.
Ова е современ вегански рецепт инспириран од ајурведата.
💬 Кој би пробал? Напишете „Ммм“! 👇

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...