fbpx
Започни го денот со ајурведски детокс пијалок со јагоди и цвекло
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Започни го денот со ајурведски детокс пијалок со јагоди и цвекло

Започни го денот со ајурведски детокс пијалок со јагоди и цвекло

by | Мај 30, 2020 | 0 comments

Покрај јагодите, овој пијалак го содржи и кралот на детоксот – цвекло. Тој е чувар на здравјето и чистач на крвта и црниот дроб и е неопходна состојка во менито за детоксикација.

Содржи меѓу другото и моќен фитонутриен бетаин, кој има прочистувачки ефект врз телото.

Состојки:

    ½ чаши исечени цвекла (сурови или варени)
    1 чаша свежи јагоди
    1 лажица протеин во прав од коноп (по избор)
    1 лажица свежо исцеден сок од лимон
    ½ лажички ѓумбир во прав
    1/3 чаша растително млеко
    

Дополнувања на пијалокот (по избор):

    2 лажици јогурт /млечен или растителен/
    1 лажица овесна каша
    5 малини
    неколку парчиња актинидија

Подготовка:
Додадете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Кога пијалакот ќе е готов, по желба, ставете 2 лажици  јогурт. На крај посипете малку овесна каша, малини и киви.

Бидете креативни 🙂

За подобар детокс користете #Triphala

Triphala

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...