fbpx
Ајурведа и алергии – Пита доша

Ајурведа и алергии – Пита доша

by | Мај 31, 2020 | 0 comments

Алергиите станаа широко распространет проблем во последните децении, што може значително влијаат на квалитетот на животот. Несоодветната исхрана и начинот на живот, хроничниот стрес, токсините и хемикалиите од храната и околината се чини дека го нарушуваат природниот систем  на организмот, што резултира со изменета и прекумерна реакција на имунолошкиот систем на одредени супстанции. Сезонските алергии можат да се појават во било кое време од годината, но се најизразени во пролет и почетокот на летото.

Бидејќи сите се разликуваме во основната физиологија, симптомите на алергија можат да варираат од личност до личност, а со тоа и соодветен третман.

Ајурведа и алергии

Ајурведата ги разликува симптомите на сезонски алергии според доминантната доша:

Пита доша

Симптомите на Пита доша вклучуваат: горење во очите, закрвавени очи, болка во грлото, жолт исцедок од носот, осип, чешање, раздразливост.

Препораки:

Амалаки (Emblica officinalis) – има антиоксидантни, антиинфламаторни и антихистамински својства. Го поддржува имунолошкиот систем и нежно го отстранува вишокот Пита.

Употреба: ½ лажички прашок /1 таблета/ Амалаки пред спиење. Започнете со употреба пред почетокот на сезоната на алергии.

Забелешка: Кога ќе започнете да ја користите Трифала, престанете да го земате Амалаки.

Чај од корен од магарешки трн

1 лажичка корен од магарешки трн (Arctium Lappa)

2,5 дл вода

Додадете корен од магарешки трн во ладна вода, загрејте до вриење и гответе го покриено на умерена температура 20 минути. Процедете и пијте 2-3 чаши на ден. Оваа билка ја намалува Пита дошата, ги отстранува токсините.

Избегнувајте агруми, кисело овошје, домати, ферментирана храна, топли зачини, кафе, алкохол. Зголемете го внесот на храна која лади, како што се: краставица, горчлива зелка, цилантра, кокос, лубеница.

Сок од цилантер (лист од коријандер)

Консумирањето сок од цилантер лади и го смирува одржувањето на рамнотежата на течностите на кожата.

Ставете грст свеж цилантер во блендер со околу 1/3 чаша вода и измешајте. Процедете ја пулпата и пијте го сокот.

Пулпата можете да ја нанесете на кожата, ако има симптоми на осип и чувство на печење.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...