Во Ајурведата, несоницата се смета за #вата дизбаланс состојба. Вата е ветер, движење, промена, нестабилност, студ, суво, светло. Кога нервниот систем е излезен од баланс /праната не се движи правилно, предизвикувајќи несоница/. Ајурведата има природни решенија за речиси секој внатрешен или надворешен проблем. Во пролог ви претставуваме ајурведски пијалок за длабок сон:
Состојки:
1 чаша бадемово млеко (може да се направи и од кравјо млеко, но бадемовото млеко е секогаш подобро)
1 лажица сецкани урми
1 лажиче #ги
¼ лажица морско оревче
1 лажиче суров органски мед
¼ лажиче #ашваганда
малку кардамон во прав
Припрема: Помешајте ги во блендер сите состојки. Конзумирајте пред спиење!
Забелешка: не ставајте повеќе од потребните количини мушкатово оревче и ашваганда, бидејќи имаат навистина силни ефекти и ќе предизвикаат подлабок сон отколку што е потребно!
Придобивки: Овој пијалак не содржи кофеин кој ќе би пречел во спиењето. Мушкатовото оревче ги смирува сетилата и поттикнува спиење. Ашваганда (Withania somnifera) е еден од најценетите и најчесто користени билни препарати во ајурведската фармакопеја. Го ублажува стресот и му овозможува на телото да направи резерви и да ја одржува енергија витална во текот на денот, а истовремено поттикнува мирен ум и мирен сон во текот на ноќта. Сите други состојки користени во оваа напивка се здрави за телото и помагаат во ублажувањето на стресот и смиреноста на протокот на крвта што го подобрува сонот.
0 Comments