Главоболката е честа и многу непријатна појава од која страдаат многу луѓе . Причините можат да бидат разновидни: од емоционална напнатост и стрес, недостаток на сон или физичко исцрпување, лоша исхрана, долго седење на компјутер, акумулирани токсини или болна состојба во организмот. Ајурведската медицина ги разликува причините за појава на главоболка на три основни типа, засновани на дошите : #вата , #пита и #кафа тип на главоболка. Пред да посегнете по аналгетици против болки, обидете се со природни методи за лекување на главоболка. Ајурведските третмани и совети се целосно природни, неинвазивни и лесно и едноставно може да се направат и дома.
Главоболка од типот вата
Симптоми: пулсирачка болка во задниот дел на главата или на левата страна и чувство на „стегач“ затегнување на главата.
Причини: дехидрирање на телото што доведува до запек и затегнување на мускулите во вратот, рамената и грбот.
Причинители: Неправилно јадење или гладување, патување, прекумерна физичка активност, продолжен ментален стрес и исцрпување на нервите. Емотивност, главоболката може да се активира од страв, вознемиреност, нервоза и несоница.
🌱 #Харитаки е универзален лек што го користи ајурведата за да ги поттикне и да ги елиминира токсините. Земете 1-2 харитаки двапати на ден. Конзумирајте го со чаша топла вода. Масло од сусам Масирајте ги мускулите на вратот со топло билнио масло или закажете третман кај нашите тарапевти. /овој суплемент можете да го најдете кај нас / Оваа масажа ќе го олесни чувството на притисок во главата и напнатите делови на болка кои предизвикуваат главоболка ќе се релаксираат. Можете да капнете неколку капки во носот од нашето масло #nasyaoil .
0 Comments