fbpx
Главоболки од тип пита и како да ги излекувате
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Главоболки од тип пита и како да ги излекувате

Главоболки од тип пита и како да ги излекувате

by | Јун 17, 2020 | 0 comments

Главоболката е честа и многу непријатна појава од која страдаат многу луѓе.

Причините можат да бидат разновидни: од емоционална напнатост и стрес, недостаток на сон или физичко исцрпување, лоша исхрана, долго седење на компјутер, акумулирани токсини или болна состојба во организмот.

Ајурведската медицина ги разликува причините за појава на главоболка на три основни типа, засновани на дошите : #вата, #пита и #кафа тип на главоболка.

Пред да посегнете по аналгетици против болки, обидете се со природни методи за лекување на главоболка.
Ајурведските третмани и совети се целосно природни, неинвазивни и лесно и едноставно може да се направат и дома.

Тип на главоболка на пита доша

Симптоми: молкавична, остра или пирсинг болка во синусите или зад очите. Горење во очите, чувствителност на светлина, вртоглавица и гадење.

Причини: прекумерно затоплување на телото, поради топлина и изложеност на сонце, хипогликемија поради глад, флуктуација на хормони / естроген, варење и киселост (тежина во стомак, подуеност).

Причинители: употреба на силни и лути зачини, користење на пржена или солена храна и кисело овошје. Емоционални состојби како постојана не расположеност и раздразливост, гнев, лутина и фрустрација.

Решенија за овој вид главоболка:

Паста од глина
Ставете 1 лажичка глина во прав во дланката, додајте вода од роза /или замена/ и направете паста, нанесете ја маста на челото и оставете половина час. Потоа исплакнете.

🌀Хидратација

Едно лице од типот пита доша може лесно да дехидрира, затоа треба да внесува повеќе вода.

Многу е корисно да ставите неколку капки вода или #НасјаМасло во носот за да се ослободите од мигрена. Многу корисно е практикување на Абјанга третманот.

Вода од ориз (вода која е останата после готвен ориз) со додавање на #ги е исто така многу добра за лекување на главоболка од Пита болка.

 

Квалитетни ајурведски суплементи можете да најдете кај нај.

 

Органско ајурведско масло за нос

 

Јала Нети

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...