Босилок (Ociumum basilicum) е едногодишно растение кое расте до 40 см има пријатен вкус, има волшебна арома и убав изглед. Зборот босилок во превод значи кралска билка. Денес во светот се познати околи 60 разни видови на босилок. Босилокот или Туласи има 1000 лековити намени во ајурведата.
Босилокот содржи етерично масло, танини, гликозиди, сапунини, аскорбинска киселина. Етеричното масло содржи: еутенол, цинеол, метил хавикол, камфор, а додека во семето има: каротен, рутин и триглицериди. Богат е со антиоксиданси и тоа најмногу со бета каротенот. Во босилокот има значајни количини на витамин Б6 и магнезиум.
Свежите лисја со босилек исто така можат да помогнат против брадавици, кои треба да ги истолчите и да ги нанесете на брадавицата, а потоа да ги покриете со газа.
Наместо свеж босилек, можете да користите есенцијално масло од босилек направено од нашето Туласи, кое има антивирусно дејство. Ефектот е посилен доколку во терапијата се вклучи редовното земање на таблети.
0 Comments