Програмата на сет масажи во Ајурведа традиционално се користи за исцелување на телото кои активно влијаат на здравјето на кожата, телото и сите сетила. Ја поттикнуваат духовната рамнотежа и спокој, а делуваат на сите здравствени проблеми во телото.
Масажа со ароматично масло
Третманите препорачливо е да се изведуваат наутро, пред капење или туширање, со цел да се поттикне ослободување од токсините што се акумулирале во телото.
Разликуваме преку 100-тина третмани на целото тело. Употребата на топлото масло и природните билни смеси е задолжителна при секој третман во Ајурведа.
Органското масло од сусам кое најчесто се користи во третманите служи за заштита на кожата и исфрлање на слободни радикали од телото.
За одредени третмани најчесто се користи мешавина на масла од внимателно избрани билки кои го лекуваат телото. На пример, шафран, амла, зимска цреша (Ашваганда) и т.н. или масло од моќни класични лековити билни и растителни масла му даваат на телото можност лесно да се справи со стресот и да помогне во балансирање на духот и емоциите.
Ајурведските масажи ги стимулираат сите марма точки, енергетските текови кои се третираат со специфични движења со примена на лекувачки ајурведски масла, со цел да се постигне целосна рамнотежа и хормонален баланс. Главната цел на третманите е стимулирање на циркулацијата на крвта, хормонален баланс, обезбедува исхрана на ткивата, подвижност на зглобовите, олеснување на болката и стимулација на животната енергија „прана“и многу други придобивки за целото тело.
При секој третман се врши ексфолијација на кожата, веднаш се подобрува тенот, а специјалното ајурведско масло, ја хидрира и омекнува кожата, делува длабински и успешно ги третира кожните проблеми како што се егзема, псоријаза, уртикарии и т.н. Ајурведските масажи се едно од најделотворните лимфни дренажи за телото.
Предности од редовните масажи:
поттикнуваат циркулацијата, особено стимулација на нервните завршетоци
даваат тонус на мускулите и целосна терапија на организмот
подмачкување на зглобовите, го зголемуваат нивото на издржливост
ги смируваат нервите и ја зголемуваат менталната будност
ги елиминираат токсините од телото
тие ја прават кожата мека и мазна и ја регенерираат и подмладуваат
Терапевтските ајурведски масажи можат да ги извршуваат само лиценцирани терапевти. Во спротивно, тие може да дадат и негативни резултати. Во Ајурведа, постои строга процедура, каде што се знае точно и во кои ситуации, кај кои корисници се препорачува одреден тип на масажа, во комбинација со одреден тип на исхрана, ајурведски масла и ајурведски суплементи. Вештината на ајурведскиот специјалист е да ја прилагоди терапијата кон специфичниот пациент како една целина. Затоа ајурведските масажи се различни од другите и се определуваат одделно за секого индивидуално.
0 Comments