Ароматерапијата е древна вештина каде со примена на етерични масла се постигнува релаксација, превенција од заболувања и лекување.
Древната индиска филозофска доктрина Ајурведа придава големо значение на сетилото за мирис, за да се создаде подготовка и лачење на соодветните ензими пред да се внесе храна или други материи. На тој начин телото е спремно да изреагира уште пред нештатата да се најдат во телото. Полесно да се искористат материите, бидејќи телото е веќе спремно за варење на храната или асимилација на користите материи во телото. Така на лесен начин се стимулира телото на исцелување, се создава пријатно расположение, неповторливо чувство на свежина, ја ублажува депресијата, анксиозноста, раздразливоста и стресот.
А кога се комбинираат со аромата на зачинет цимет, се добива одличен релаксирачки мирис, смирување и усогласување на мислите и чувствата. Лимунот потикнува бистрина на умот, лавандата поттикнува лесен и мирен сон и т.н.
Ароматерапијата исто така ќе ви помогне да ја прилагодите и продлабочите вашата практика на јога на повисоко ниво.
Јога терапија и ароматерапија се две практики кои се многу благопријатни за телото и докажани се нивните неверојатни лековити својства. Но, ако јога терапијата делува на физичкото тело, елиминирајќи ги вкочанетоста, повредите и болките, ароматерапијата е одговорна за со емоционалната состојба. Одлична идеја е да се комбинираат овие две практики со цел да се зголемат позитивните ефекти врз телото.
Ароматерапијата доаѓа од грчките зборови: aroma – мирис и therapeia – лекување. Буквално значи лекување со мириси. Ароматерапијата е форма на лекување кое користи испарливи растителни материјали, уште познати како етерични масла но и други ароматични (мирисни) соединенија, со цел да го промени начинот на размислување, расположението, спознавачките способности и здравјето во целост.
Со вдишувањето на ароматичните масла може да се ублажи стравот, загриженоста, напнатоста, стресот, болката, да се подобри памтењето и концентрацијата.
Ароматерапијата делува преку сетилото за мирис или со апсорпција преку кожата. Постојат ајурведски масла со есенцијални масла кои може да се користат преку специјални вулкански дифузери, купки, масла за тело или лосиони за масажа, фацијални маски од глина и ладни или топли компресии. Сите овие комбинации може да се користат одвоено или заедно. Некои од овие масла може да се најдат кај нас кои се специјализирани за ваквиот тип терапија. Со нив значително може да ја намалите болката, да го подобрите сонот преку намалувањето на стресот и анксиозноста, да ги третирате главоболките и мигрените, да ги отстраните страничните ефекти од хемотерапијата, да го зголемите имунитетот и сето тоа на природен начин.
Можеби со ова ќе осознаете зошто во нашите ајурведски производи кориситме голема количина есенцијални масла.
Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп




0 Comments