fbpx
Aнасон –  најлековита и хранлива билка
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Aнасон –  најлековита и хранлива билка

Aнасон –  најлековита и хранлива билка

by | Јул 2, 2020 | 0 comments

Foeniculum vulgare познато како АНАСОН е многу лековито растение и превкусна  билка за готвење. Специфичниот доминантен благ вкус на анасонот го даваат есенцијални масла  кои ги содржат во себе. Се смета дека семето од анасон има антибактериски, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Затоа Ајурведската наука ги смета за најлековита билка и високо хранлива.

  1. Семето од анасон е преполно со хранливи материи:

– калории – мал процент

-Растителни влакна (3грама)

-Витамин Ц 12%

-Калциум од 3% до 5%

-Железо од 4%до 6%

-Магнезиум од 4% до 5%

-Калиум  од 8% до 10%

-Манган од 7% до 17%

  1. Семето од анасон содржи малку калории, но обезбедува висок процент важни хранливи материи.
  2. Анасонот е добар извор на витамин Ц и влијае позитивно врз имунитетот, здравјето, подобрување на ткивата и синтеза на колаген, дејствува како моќен антиоксиданс во вашето тело, заштитувајќи не од оштетување на клетките предизвикано од нестабилни молекули наречени слободни радикали.
  3. Содржењето на минерален манган е важно за активирање на ензимите, подобрување на метаболизмот,дава заштита на клетките, влијае на развој на коските, влијае на регулирање на шеќерот во крвта и го забрзува заздравувањето на раните.
  4. Постоењето на калиум, магнезиум и калциум во семето на анасонот се од витално значење за здравјето на коските.
  5. Можеби најимпресивните придобивки од семето од анасон потекнуваат од антиоксидансите и моќните растителни соединенија што ги содржат.
  6. Ајурведата вели дека есенцијалните масла во растението содржат повеќе од 87 испарливи соединенија, вклучувајќи ги и полифенолните, антиоксиданти, росмаринска киселина, хлорогена киселина, кверцетин и апигенин.

8.Антиоксидансите на полифенол се моќни антиинфламаторни агенси кои имаат моќни ефекти врз вашето здравје.

  1. Ајурведата смета дека луѓето кои следат диети богати со овие антиоксиданти имаат помал ризик од хронични болести како што се срцеви заболувања, дебелина, карцином, невролошки заболувања и дијабетес.
  2. Повеќе од 28 соединенија се наоѓаат кај семето од анасон, вклучително и антол, фенхон, метил чавикол и лимонен.
  3. Органските соединенија содржани во семето даваат широк спектар на лековити ефекти поради антиканцерогените, антимикробните, антивирусните и антиинфламаторните својства. Сите делови на растението од анасон се богати со моќни антиоксиданти како хлорогена киселина, лимонен и кверцетин – сето тоа може да биде од корист за здравјето.
  4. Антолот, главна компонента на есенцијалното масло на анасонот го потиснува и намалува апетитот и влијае врз функцијата на органите за варење на храна. Ајурведата сугерира да се пие чаша чај пред оброк. Резултатите ќе бидат видни за кратко време.
  5. Семето од анасон е преполно со растителни влакна – хранлива материја, со што се намалуваат факторите на ризик од срцеви заболувања и високиот притисок и холестерол.

Ајурведата вели дека ако се зема 300 мг анасон дневно за 12 недели ќе се достигнат големи резултати во телесната тежина поради намалувањето на апетитит, добрата функција на органите за варење и подобрување на метаболизмот.

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...