Зошто кога се преминува кон органски шампон, на почетокот се забележува поинаква состојбата на косата?
Одговорот е многу едноставен – заради силиконите содржани во комерцијалните шампони!
Сите оние комерцијални и хемиски шампони кои што по две миења ја прават косата како свила и за кои не убедуваат дека имаат дејство преку ноќ, се полни со силикони и со нафтени деривати кои што со текот на времето и со редовна употреба буквално ја покриваат косата со токсини и со супстанции што за неа се неприродни. Силиконот создава филм кој го обложува влакното и тогаш тоа изгледа совршено, мазно и сјајно, но впрочем истото тоа влакно под тој лажен сјај е комплетно задушено. Колку повеќе користите производи полни со силикони толку повеќе сте принудени да користите двојно повеќе за да се покрие одреден проблем како што е отежната коса, суви врвови, кршливост, масна коса…и така се во еден маѓепсан круг.
Кога ќе почнете да ја миете косата со природен органски шапмпон, се случува следново: шампонот ги одмива силиконите насобрани на влакното (потребне барем најмалку15 до 20 миења), косата тогаш ви е по сува, но не како резултат на состојките во органскиот шампон, туку како резултат на состојките во шампоните пред него. И тогаш влакното е конечно ослободено. Со редовна употреба на органски природни шампони и со соодветна нега на косата со масла и маски на природна основа ќе дојдете до прекрасна, сјајна и здрава коса која што сега ќе биде навистина ваша.
Природен органски бар шампон создаден од гоелм број природни состојки можете да најдете кај нас.
0 Comments