Несоницата e една од најчестите проблеми за човештвото. Во ајурведата дизбалансот на Пита дошата е една од најголемите причинители за нарушен сон кој дополнително предизвикува фрустрации. После долгиот и напорен ден сите сакаме да се наспиеме во текот на ноќта.
Ако времето во кревет го поминете вртејќи се и превртувајќи се наместо да спиете можеби ви е потребно нешто што ќе го поправи вашиот сон.
Современиот човек има очигледни проблеми со спиењето: не може да се релаксира, се измачуваме од несоница и кошмари, нарушено спиење, а се будиме со тешкотии. Оттука, постојат болести како: ансиозност, депресија, дебелина, дијабетес, пореметување на хормоните и друго. За време на спиењето, се ослободуваме од токсини, ги полниме батериите, ги регенерираме ткивата на физичкото тело (што дополнително е корисно ако практикувате јога или други физички активности).
Ароматерапијата е користење етерични масла за подобрување на физичкото и емотивното здравје. Истражувањата покажале дека за несоница најефективни се есенцијалните масла кои се содржани во спрејот за мирен сон.
Едно од најдобрите етерични масла за добар сон е лаванда, камилица, ванила, босилок, кардамом, темјан и т.н. Овој спреј е посебно добар за нервниот систем, го опушта телото и осигурува мирен сон. Овој освежувач покрај тоа што треба да го напрскате на својот јастук пред легнување, може да го користите во купка и на вулкански дифузер за етерични масла.
Камилицата и кадамомот влијаат на опуштање на нервниот систем и телото. Бергамонтот доаѓа од родот на цитрусни овошја. Брзо ослободува од стрес. Има сладок мирис кој освежува и дава чувство на благосостојба.
Сандаловината е древен мирис. Ја намалува нервната напнатост и помага при опуштање. Портокалот има мирис сличен на бергамонтот и успешно ги лечи проблемите со спиењето.
Комбинацијата од овие масла создава прекрасен мирис кој ве опушта и ве подготвува за добар сон.
За уште подлабок сон направете неколку третмани Широдара во комбинација со Ашваганда.
Освежувач за постелнина (спреј кој придонесува за подобар сон)
0 Comments