Како може на природен и лесен начин да го зголемиме нивото на серотонин, хормон на среќата?
Нашето тело произведува серотонин, хормон одговорен за тоа како се чувствуваме. Можно е да
се подигне неговото ниво на неколку начини, затоа што животот е премногу краток да го поминеме
во мрачно расположение.
Кога нивото на серотонин во телото е нарушен, се појавува депресија и други асоцијални
однесувања. Серотонинот се произведува во мозокот, пинална жлезда, наречена
трето око или центар на нашата душа. Серотонинот е невротрансмитер, хемикалија која ги
регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот, болката, го
контролира нашето однесување, крвниот притисок и дишењето.
Ако имаме недостаток на серотонин, постои можност да имаме негативни мисли, недоволен
интерес за љубов, секс и уживање во животот.
Добар сон и добро спиење
Квалитетното спиење е неопходно за производство на хормонот на среќата, затоа треба да
обрнеме внимание на тоа колку и како спиеме. Важно е кога ке се разбудиме да се чувствуваме
одморени и спремни за денот, да имаме сила, фокус и енергија да функционираме исправно и
брзо.
Престојување на повеќе светлина
Најидеално е да се остане што повеќе на сонце, но ако нема сонце и седиме во домот тогаш
треба да одбереме да седиме во добро осветлена просторија или да го осветлиме со светилки,
лустери и помошни странични светла, ламби за да го направиме домот посветол за време на
мрачните денови. Амбиентот во домот многу влијае за да се чувствуваме среќно и задоволно.
Обрнете внимание на држењето на телото
Одењето со свиткан ‘рбетен столб, гледањето во една точка и лице без насмевка даваат
сликата на инфериорен и несреќен човек. Дали сме свесни дека држењето на телото може да
влијае на нивото на серотонинот. Затоа, со поголемо внимание кон себе, својот став и држење на
телото, начинот на кој говориме, се однесуваме, може природно и лесно да го подобри нашето
расположение.
Најдобри резултати се подтигнува доколку се комбинира со редовно земање на Ашваганда
Споделете корисна содржина со пријателите 🙂
0 Comments