„Ниту една болест, па дури и карциномот не може да се појави во алкална средина“.
~ Ото Хајнрих Варбург
Многу луѓе имаат зголемено ниво на киселост. Ова е типична последица на јадење брза храна, рафинирани шеќери и ГМО.
Сепак, не секој знае и е свесен дека киселата средина е идеална за развој на тумори, вишок тежина, болки во телото и многу заболувања.
За среќа, создавањето алкална средина во организмот е многу едноставно. Алкалното опкружување е сосема спротивно од киселото.
Еве неколку природни ајурведски начини како да обезбедите алкалност на телото:
-Најважно е денот да го започнете со насмевка и голема чаша топла вода со додавање на свеж сок од лимон. Иако лимонот изгледа кисело, тој има спротивен ефект во организмот. Пијте го овој пијалок на празен стомак за да го исчистите стомакот.
Јадете повеќе зелена салата, зачинета со сок од лимон и висококвалитетно маслиново масло. Зелениот зеленчук и овошје се еден од најдобрите извори на алкални микроелементи како што се калциум. Јадете ги во текот на денот за да одржите здрава рамнотежа на рН во организмот.
Дали сакате здрава закуска? Јадете сурови искиснати во вода несолени бадеми. Содржат многу алкални микроелементи како што се магнезиум и калциум, кои го враќаат киселинско-алкалниот баланс и го нормализираат шеќерот во крвта.
Пијте бадемовото млеко и направете пијалок со зелена прашкаста спирулина и ашваганда. Изборот на бадемовото млеко секогаш е подобро од кравјото млеко.
Споделете корисна содржина со пријателите 🙂
0 Comments