Дали знаете дека лаксативите се најбараниот лек на Светот. Повеќе од половина од населението на Земјината топка имаат проблем со опстипација. Близу 10 милијарди долари се трошат годишно на хемиски средства барем малку да им олесне на луѓето кои го имаат овој голем проблем. Иако таа може да биде фрустрирачка и болна, во повеќето случаи се појавува затоа што не консумираме доволно хранливи влакна, или сме целосно дехидрирани.
Клучот е во правилната исхрана богата со растителни влакна, круши, сливи и јогурт, но не и другите млечни производи.
Сливите се богати со хранливи растителни влакна, содржат сорбитол, природен шеќер што дополнително ја олеснува столицата и опстипацијата.
Исто така треба да знаете дека сливите делуваат доволно брзо, веднаш откако ќе бидат изедени.
Медот кој ќе го додадете во овој оброк исто така е добар лаксатив.
Испробајте го овој ајурведски рецепт
Рецепт:
Одредена количина чија семки потопете во јогурт и оставете да накиснат. Доколку не ви одговара јогурт истиот можете да го замените со топла медена вода. На крај додадете прстофат органска куркума. Додадете неколку свежи или суви сливи и други зрнести овошја и ќе добиете прекрасен здрав и корисен оброк. Доколку користите подолго време хемиски лаксативи кои дополнително го иритираат дебелото црево обавезно додадепе или испијте неколку лажици органско масло. Тие создаваат иритација и ги сушат ѕидовите на цревата.
Многу добри резултати се добива доколку редовно внесувате Харитаки или Трифала.
0 Comments