Ајурведата ја проучува етиологијата (причината) и патогенезата на заболувањата на клиентот.
Препораките вклучуваат природен начин на живот и исхрана на клиентот, билни суплементи, јога, медитација, лековити протоколи, #Abhyanga (терапевтска масажа), Shirodhara (терапевтско налевање и топол проток на лековити масла на челото) или Марма ( вид на допирна и рефлексна терапија)
Ајурведата ги вклучува сите 8 традиционални насоки во Јогата, вклучувајќи асани, пранајама и медитација.
Еве едноставен водич за тоа како #Вата, #Пита и #Кафа дошите ги манифестираат своите елементи и какви предлози дава јогата за секој од нив да остане избалансиран или да се справи со не рамнотежата во телото.
⛑️Луѓето со Вата се: брзи, слаби, несигурни, креативни и уживаат во движењето. Тие може да практикуваат асани лежечки на под како: падмасана, балансирачки пози како планина или дрво поза, ‘рбетни усукувања (со фокус на здравјето на дебелото црево и поттикнување на #Агни), нежни свиткувања напред и продолжена Шавасана (поза на мртовец)
⛑️Луѓето со Пита имаат тенденција да бидат: водичи, амбициозни, интелектуални и храбри, со средна градба и одмерен говор. Препорачуваме да се оладат, опуштат, јога пред изгрејсонце, без напор, медитативна Падмасадана, свиткување кон напред, бавни, медитативни поздрави на ☀ и усукувања на ‘рбетот.
⛑️ Кафа луѓето се опуштени, расположени, стабилни, сакаат и негуваат добрина. Препорачуваме: активна јога, вклучително и моќни поздрави на сонцето, стоечка и усукувачка јога и честа промена на рутината.
Нема ограничување во старосната граница за практикување јога и не е потребна да се бара дозвола од својот лекар, а доколку сте почетници, работите со обучен професионалец за јога.
Луѓето кои практикуваат долготрајна јога имаат помалку хронични заболувања, полесно се враќаат во рамнотежа и имаат повисока Сатва Бала (ментална јачина).
Повеќето вљубеници во ајурведата секојдневно практицираат јога, и затоа препорачуваме сите да ја вметнат јогата во нивните секојдневни животи.
Посетете ги нашите редовни јога часови.
0 Comments